1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кипар развива туризам со венчавки

Она што за Американците е Лас Вегас за Европејците е Кипар. Имено, се’ повеќе млади луѓе од Европа се венчаваат на овој сончев остров. гОпштините одишно заработуваат и до 150.000 евра годишно само од венчавките.

default

Цивилен брак на Кипар

Долги песочни плажи, сонце и палми на Кипар има речиси преку целата година. Идеални услови за младите луѓе кои сакаат да стапат во брак. Пред општинската зграда во градот Ларнака, како и секогаш, има гужва. Пет млади пара треба да се венчаваат денеска претпладне. Едни од нив се Јулија и Елиас. Таа доаѓа од Украина, тој е Либанец од Бејрут. Се запознале во Египет пред една година и веднаш се засакале. Тие сакаат да се венчаваат на Кипар од една едноставна причина. Имено, во Либан не постои цивилен брак. На Јулија, пак, и е потребен извод на венчани за да може да го пријави бракот во Украина: “Во Украина потребна ни е потврда дека сме венчани во матично, а пак, во Либија ќе се венчаваме во црква”, објаснува Елиас.

Oд аеродром штотуку пристигна уште еден млад пар

Zivilehe auf Zypern

Групна венчавка на Кипар

Авионскиот лет од Тел Авив до Ларнака траеше само 30 минути. Обајцата младоженци се Израелци, но сепак имаат проблем. Мајката на младата невеста не е еврејка, а тоа според еврејското право значи дека и ќерката не е еврејка. Поради тоа младите не можат да се венчаат во Израел. Исто како и во Либија, и во Израел според законот не постои цивилен брак, но доколку сепак се склучи брак тогаш го признаваат. „Мора да се смени законот. Јас сум отслужила војска во татковината, живеам во Израел и затоа мора да може и да се мажам во земјата. Едноставно не е фер”, се жали невестата Ким Слевин. На Кипар годишно се венчаваат стотици Израелци. Сите од истата причина: еден од партнерите не е евреин или, пак, е атеист. Родителите на невестата од секогаш биле атеисти: “Таа има среќа што не се вљубила во човек од традиционално семејство. Тоа ќе беше голем проблем”, вели мајката на Ким Ан Слевин.

Во таков случај невестата ќе требала да ја смени верата. Но, тоа не значи само да научи да готви „чиста“ или како што велат евреите “кошер” храна, туку требало и две години да оди на веронаука и да ја практикува еврејската религија. “На почеток мислев ќе конвертирам, но мислам дека не вреди, едноставно треба многу да се жртвува за тоа”, вели Ким Слевин.

Кипар е единствениот излез за младите интелектуалци

Брзо венчавање без бирократија. Младите можат во рок од 24 часа да се венчаат. Така на пример, во јуни годинава 150 брачни пара од Израел поставија рекорд за Гинисовата книга. Кипраните, пак, со венчавките на младите луѓе од странство прават добар бизнис. „Во нашата општина годишно заработуваме околу 150.000 евра само од венчавките. Доколку ја подобриме нашата понуда можеме да привлечеме уште повеќе млади парови”, вели Елефтериос Ембедоклис од градската управа во Ларнака.

На Кипар има различни понуди за венчавање. Бидејќи општинското здание во Ларнака се наоѓа на само неколку минути од аеродромот младите може да бираат дали сакаат венчавката да биде под отворено небо или дури и во некој хотел со четири ѕвезди.

Венчавка под балдахин!

Hochzeit auf Zypern

Брза и без бирократска венчавка

На Карен и’ се оствари долго посакуваната желба: венчавка како од љубовните романи. Таа и нејзиниот иден маж доаѓаат од Велика Британија и ќе платат околу 10.000 евра за нивниот најубав ден во животот со венчавка под балдахин. Венчавка од соништата. Само тортата требаше да биде на два спрата, но сепак, за младиот брачен пар се’ беше совршено. „Кипар е вистинско место за венчавање и тоа од повеќе причини. Прво што се однесува до документите, односно бирократскиот дел, потоа поради убавото време, па краткиот авионски лет од дома до тука. Тоа се многу важни фактори. Освен тоа, Кипар е познат по венчавките”, вели британската невеста Карен Канг. Таа и нејзиниот маж можеле без никаков проблем да се венчаат и во Велика Британија. Можност што многу други млади парови ја немаат. Но, тие сепак сакале да ја крунисаат нивната љубов на Кипар затоа што во нивната татковина религијата и социјалните норми не дозволуваат потполно слободен избор на брачниот партнер.

Автор: Андреа Казиске / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски