1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кипар на Русите им нуди државјанство

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес се обидува да ја ограничи штетата. Странците, кои поради условите на ЕУ за помош загубија дел од богатството, сега можат да добијат кипарско државјанство.

Кипарските власти ќе им овозможат полесно добивање државјанство на странските вложувачи во кипарските банки кои загубија повеќе од три милиони евра поради договорот со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Покрај оние што загубиле повеќе од три милиони евра, државјанство ќе можат да добијат и лицата кои допрва ќе вложуваат повеќе од три милиони евра на Кипар. Според најавите на кипарскиот претседател Никос Анастасијаедес, владата во Никозија веќе оваа недела ќе ги ублажи условите за странците кои бараат државјанство.

Анастасијадес мерките ги најави во говор пред руски бизнисмени во пристанишниот град Лимасол, каде живеат голем број Руси и кој веќе има прекар „Лимасолград“. Државјанство на некоја од земјите членки на ЕУ за многумина Руси е интересно, меѓу другото, поради патувањето без визи. Според проценки на рејтинг агенцијата Мудис, Русите во кипарските банки имаат околу 31 милијарда евра.