1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кипар меѓу кризата и шансите

Кипар - земјата која некогаш важеше за економско чудо, стана земја која тоне во криза. Како се случи пад на островската држава која се‘ уште очајно бара помош и што зборува случајот Кипар за ЕУ?

Нема веќе даночен рај, а и славата на убавите кипарски плажи, во меѓувреме, згаснува. Кипар, по големиот економски пад, е во длабока криза. Земјата со месеци бара излез. За нејзината судбина одлучува и еврозоната. Случајот е компликуван и отвора прашања кои излегуваат од границите на малата островска држава, прашања кои задираат во суштината на еврозоната и помошта на земјите во криза.

„Се работи за талкање во магла, што значи - нема долгорочна стратегија. Политичарите си оставаат простор за носење одлуки за одделните случаи зависно од ситуацијата. Дали Словенија некогаш ќе падне во криза, не знаеме. Какви на тоа би биле реакциите, исто така не знаеме. Политичарите се многу претпазливи“, вели проф. д-р Хајнц-Јирген Акст, потпретседател на Друштвото за Југоисточна Европа. Неговите тези за кризата на Кипар тој ги изнесе на

Leipziger Buchmesse Panel Endstation Kroatien? Heinz-Jürgen Axt

Хајнц-Јирген Акст

подиумската дискусија на Друштвото за ЈИЕ во Дојче веле во Бон, на која учествуваа и други експерти за Кипар - Јанис Пападимитриу, дописник на ДВ од Атина и Брисел и Михалис Персијанис, главен уредник за економија и финансии во дневниот весник „Катимерини“ во Никозија.

Со трикови до членство?

Кипар е член на ЕУ од 2004 година. Во 2008 година земјата и‘ се приклучи на еврозоната. Со економско постигнување од околу 17,5 милијарди евра, земјата е една од најмалите економии во еврозоната. Според Хајнц-Јирген Акст, кризата се должи на следново: „Кипар, пред приклучувањето, ги исполни критериумите на еврозоната со тоа што го намали задолжувањето. За жал, меѓутоа, тоа не беше долгорочно, зашто по пристапот во еврозоната во 2008 година Кипар повторно го зголеми буџетскиот дефицит и вкупното задолжување. Може да се каже дека земјата се послужи малку со трикови за да ги исполни кртиериумите на еврозоната.“

Предупредувањата дека Кипар е соочен со голема економска криза имаше уште минатата година. Тогаш дел од експертите најголемиот проблем го гледаа во банкарскиот сектор и тоа поради тесната поврзаност со грчките банки. Голем дел од побарувањата на кипарскиот банкарски сектор не можеа да бидат реализирани, поради простувањето на долгот на грчките должници. Дали тоа значи дека Кипар е жртва на кризата во Грција?

„Тоа е научно толкување кое повеќе има врска со тајмингот на кризата. Исто така може да се каже - кризата почна во САД, и тоа и е апсолутно точно! Но тоа не значи дека Американците немаат поим од економија“, оценува грчкиот новинар Јанис Пападимитриу. „Каде почнала кризата е споредно, она што е

Zypern Kyrenia Hafen

Кипар е соочен со тешки времиња, но шансите за опоравување се добри

важно е дека таа се рашири. Важно е - за европската криза да има европско решение. Тоа не е волшебен рецепт. Станува збор веројатно само за вистински ’микс’ на политички и економски мерки.“

Помалиот е пофлексибилен?

Сите финансиски кризи се слични, убеден е Михалис Персијанис, главен уредник за економија и финансии во весникот „Катимерини“. „Во Кипар има класичен случај на хроничен капитализам, многу кредити, брзи кредити и.т.н. Причината значи беше феноменот присутен и кај многу други банкарски кризи, помешан со задоценти политички одлуки.“

Кипар е соочен со тешки времиња. Сепак, кипарскиот новинар во наредните 3-4 години гледа голема шанса за островската држава. „Тоа е особена можност за Кипар да ги спроведе долго планираните реформи во јавните дејности. Кипар има мала економија која може да застане на нозе многу побрзо и поедноставно отколку другите, како на пример - Грција.“