1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кипар ги жртуваше банките за помош од еврозоната

Министрите за финансии на земјите од еврозоната синоќа постигнаа договор со Кипар околу пакетот за спас со кој земјата треба да се извлече од финансиската криза. Настрадаа втората по големина банка и руските инвеститори.

По 12 часовните маратонски преговори во Брисел со партнерите од еврозоната и со претставници на ММФ, претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изјави дека е задоволен од спогодбата.

„Задоволен сум дека имаме програма и таа е во интерес на кипарскиот народ и на Европската унија во целина“, нагласи тој. Шефот на Еврогрупата, Јерон Дијселблум од Холандија изјави дека на овој начин е „ставен крај на несигурноста која ги опкружуваше Кипар и еврозоната во изминатите денови“.

Прва жртва на новиот договор ќе биде Лаики (Народната) банка на Кипар, втора по големина на островот. Таа практично ќе биде ликвидирана, а ќе се гарантираат сите влогови до 100 илјади евра. Овој потег според Дијселблум ќе донесе заштеда од 4,2 милијарди евра. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле соопшти дека останатите депозити во вредност од над 100 илјади евра нема да бидат гарантирани.

„Неосигурените депозити од повеќе од 100 илјади евра се замрзнати и ќе учествуваат во неопходната рекапитализација на банкарскиот сектор“, рече Шојбле.

Износот на меѓународната помош за Кипар останува десет милијарди евра и таа треба да биде потврдена од националните парламенти на земјите од еврозоната. За разлика од првиот договорен пакет, кој беше одбиен, овојпат парламентот во Никозија нема да гласа за негова поддршка.

Руските депозити најпогодени

Најголемата банка во земјата, Банката на Кипар ќе биде значително намалена,

Rettungspaket für Zypern

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес

а голема штета ќе претрпат сите со депозити од над 100 илјади евра. Проценките се дека ударот за странските инвеститори ќе биде голем, а најголема штета ќе претрпат руските депозити кои сочинуваат голем дел од средствата во оваа банка. Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис призна дека руската реакција најверојатно ќе биде „многу комплексна“, а „лојалните меѓународни партнери ќе бидат разочарани и ќе се чувствуваат излажани“.

Точните бројки за планот на спас на Кипар се‘ уште не се познати, и тие ќе се доработуваат во следните денови од страна на властите во Никозија и претставниците на ЕУ и ММФ. Се‘уште не е познато дали и кога повторно ќе отворат банките на Кипар. Најавата е дека тоа ќе се случи утре, но извесно е дека ќе останат во сила ограничувањата на сумите кои ќе можат да се повлекуваат.

Освен големото реструктуирање на банките, Кипар ќе мора да спроведе и програма за штедење, приватизација и промени во даночниот систем. Шефицата на ММФ, Кристин Лагард оцени дека станува збор за „целосен и кредибилен план кој треба да ја извлече земјата од економската криза“.

Договорот значи дека Кипар е петтата земја членка на еврозоната која добива меѓународна помош за излез од кризата по Грција, Шпанија, Ирска и Португалија.