1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кипарските комунисти пред изборен пораз

Денеска (22.05.) во грчкиот дел на островoт Кипар се одржуваат парламентарни избори. Според анкетите, се очекува победа на опозициските конзервативци, пред владејачката комунистичка партија на претседателот Христофијас.

default

Претседателите на грчкиот и турскиот дел на Кипар Христофијас и Ероглу со пратеникот на ОН, Александер Даунер (средина)

Политиката на островот Кипар е полна со изненадувања. Од 2008 година претседател на државата е Димитрис Христофијас, комунист кој беше избран со поддршка на националистичката партија на поранешниот претседател Пападопулос. Се смета дека Христофијас има добри односи со непризнатата Севернокипарска република, каде мнозинство се Турците, и покрај тоа што во 2004 година не го поддржа планот на Кофи Анан за обединување на островот.

За застојот во односите меѓу грчкиот и турскиот дел, Христофијас денес ги обвинува националистите собрани околу претседателот на северниот дел, Дервиш Ероглу. Од друга страна, конзервативците од партијата ДИСИ, очекуваат победа на изборите. И покрај тоа што Кипар има претседателски систем, нивниот евентуален успех би бил значаен во пресрет на претседателските избори во 2013 година. Притоа, треба да се има предвид дека конзервативците беа единствените, кои го прифатија мировниот план на Кофи Анан.

Фокусот на изборната кампања повторно беа преговорите за обединувањето на поделениот остров, но и економските проблеми со кои се соочува.

Прашањето за обединувањето на Кипар доминира во сите аспекти на политичкиот живот. Од 2004 година Кипар е членка на ЕУ, но придобивките од членството ги имаат само кипарските Грци. Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци беа обновени во септември 2008 година и се фокусирани на создавање функционална федерација од два идентитета, со слаба централна власт и со големи ингиренции на федерални единици. Иако во изминативе години е постигнат напредок во врска со државното уредување и поделбата на власта, сепак и натаму главен камен на сопнување остануваат прашањата поврзани со размената на територии и имотните права на илјадниците внатрешно населени лица.

Економските проблеми предизвикани од кризата во Грција

UN Generalsekretär Ban Ki-moon in Zypern

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во посета на зоната на раздвојување на Кипар

Што се однесува до економските проблеми, грчката финансиска криза имаше одраз и врз Кипар. Во 2011 година невработеноста за првпат надмина 7 проценти, а меѓународните финансиски институции го намалија рејтингот на кипарските банки. Поголемите финансиски институти имаат тесни врски со Грција и тамошната криза имаше тешки последици врз нив.

„Банкарскиот систем не е толку тешко погоден како во Грција, но, на пример, банката Лаики, која е втората најголема во земјата, инвестираше многу во Грција и сега се соочува со големи проблеми“, вели Димитрис Комодромос, висок функционер на опозициската Социјалистичка партија.

Иако се` уште се спори околу рецептот за излез од кризата, поголемиот дел од партиите се согласни во едно: нискиот данок на приход од само 10 проценти треба да остане, иако на тоа жестоко се спротивставува претседателот Христофијас.

Конечно, доколку конзервативците однесат победа на изборите, комунистот Христофијас ќе се соочи со жестока опозиција во парламентот, особено што против него се свртеа и социјалистите. Тоа би можело да значи дека и дека на чело на државата во блиска иднина би можел да дојде лидерот на социјалистите, Јанакис Омиру.

Автор: Јанис Пападимитриу/миа/Борис Георгиевски

Редактор: Трајче Тосев