Кипарските Грци песимисти дека наскоро ќе се реши проблемот | Вести | DW | 30.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кипарските Грци песимисти дека наскоро ќе се реши проблемот

Кипарските Грци се песимисти и сметаат дека наскоро нема да се најде решение за проблемот со поделениот остров, покажуваат резултатите од последната анкета објавена во денешните медиуми во Никозија. Дури 88% од испитаниците не очекуваат скоро решение на проблемот наспроти 9% кои се оптимисти. Над половина од анкетираните сметаат дека мала е користа од приемот на Република Кипар во ЕУ, а 22 % од нив сметаат дека тоа имало негативно влијание. Дури 85% од испитаните сметаат дека кипарската влада треба да го искористи правото на вето против приемот на Турција во Еу, доколку Анкара не ги исполни обврските.