1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Кипарските Грци и Турци за три дена на заедничка маса

Лидерите на кипарските Турци и Грци ќе се сретнат на 11 февруари, за да ги обноват преговорите, соопштија Обединетите нации. Тоа би требало да го обнови закочениот процес на преговори за помирување.

Лидерот на кипарските Грци Никос Анастасијадес и на кипарските Турци Дервиш Ероглу би требале да се сретнат во претставништвото на ОН во Никозија. Двете страни се договорија за патоказот подготвен од ОН за обнова на разговорите за повторно обединување на островот.

Според локалната телевизија „Сигма“, Ероглу ја одобрил предлог-заедничката изјава за обновување на преговорите. Анастасиадис претходно истакнал дека постојат добри шанси за постигнување согласност околу заедничката изјава, во која треба да се наведат основните параметри на преговорите и принципите за решавање на кипарското прашање.

Поради несогласувања во врска со содржината на оваа изјава, почетокот на преговорите

беше одложуван повеќе пати. Преговорите за решавање на кипарското прашање се прекинати пред две години во знак на протест на лидерот на кипарските Турци поради шестмесечното преседавање на Кипар со ЕУ.