1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кипарскиот проблем влегува во ЕУ

Коменатр на Бернд Ригерт

Поделена Никозија

Поделена Никозија

Министрите за надворешни работи на Европската унија и покрај пропаѓањето на референдумот за повторното обединување на островот го потврдија ставот на турските Кипрани за нивната иднина во Унијата. “Како сигнал за охрабрување на турската заедница на островот дека нивната иднина останува во обединет Кипар во Европската унија“, министрите вчера во Луксембург ветија брзо решавање на сите гранични прашања. Тие се решени да ја окончаат изолацијата на турските кипрани и економски да му помогнат на северниот дел. Разочарувањето на министрите по негативниот референдум на грчките Кипрани на југот по повод повторното обединување беше големо. “Длабоко жалење. Пропуштена е единствена шанса“, гласеа реакциите да шефовите на дипломатиите. Сепак министрите мораат да си го постават прашањето зошто не извршија поголем притисок врз кипарските Грци во квечерината на референдумот. Уште на нивната неформална средба на пред десет дена во Туламор министерот на грчките кипрани не остави сомнеж во стриктното “не“ за планот на Обединетите нации. Преговорите за членство на Кипар секогаш беа водени со основа дека повторното обединување мора да биде заедничка цел. Најнапред се опстојуваше на тоа дека само обединет Кипар може да влезе во Унијата. Меѓутоа, на самитот за проширувањето во Копенхаген во 2002 беше договорено дека може да влезе и само јужниот дел. Тогаш се сакаше да се изврши притисок врз тврдоглавиот Север и врз турската влада во Анкара. Тоа успеа и Турците се придвижија. Никој во ЕУ не сакаше да помисли дека на крајот Грците ќе ја одбегнат согласноста. Решението на министрите Турците од северот на островот кои се изјаснија проевропски да не ги остават на цедило и да им обезбедат средства и трговски олеснувања, сигурно е исправно. Но, постои опасноста засилените контакти со северениот дел да водат кон тоа досега непризнатата творба да се консолидира и да развие сопствена државност. Поделбата на островот во тој случај може да биде цементирана за долг период, страхува германскиот министер Јошка Фишер. Изјавите на турскиот шеф на дипломатијата Џул одат во таа насока. Комесарот Ферхојген најрадо би го суспендирал приемот на јужниот дел се додека островот повторно не се обедини. Меѓутоа, наспроти тоа се важечките договори за членство. На 1 мај нерешеното кипарско прашање неповратно станува централен проблем на Европската унија. Добитник во оваа драма е турската влада. Таа се активира и ги придвижи лидерите на кипарските Турци да го прифатат планот на Обединетите нации. За тоа можат себе си да се запишат еден плус кога во октомври ќе биде извлечен билансот за турските настојувања за членство. Како полноправен член на Унијата кипарската влада, значи Грците, би можела со своето вето да ги спречи прегвоорите со турција. Тоа нема да биде така, велат дипломатите во Луиксембург. Но, дали се сигурни? ЕУ веќе еднаш ужасно се измами кога станува збор за грчко-кипарската влада.

Бернд Ригерт