1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кипарскиот парламент ја одложи вонредната седница

Финансиското спасување на Кипар станува неизвесно. Парламентот во Никозија изјаснувањето за пакетот мерки го одложи за утре. Учеството на ситните штедачи со свои пари предизвикува незадоволство.

Кипарскиот претседаѕел Никос Анастасијадес мора да стравува околу потребната согласност на своите пратеници за спорниот пакет за финансиска помош на земјата. Кипарската телевизија објави дека седницата на Парламентот, предвидена за денеска ополадне, е одложена за утре, исто како и закажаното обраќање на претседателот до нацијата.

По речиси деветмесечни преговори на земјите од еврозоната, во петокот вечерта е договорен пакетот за спас со волумен од десет милијарди евра за од банкрот загрзозениот Кипар. Но, првпат во вонредните трошоци е предвидено и учество на клиентите на банките - штедачите од земјата и од странство со влогови до 100.000 евра треба да платат еднократен данок од 6,75 проценти, а оние со повеќе од 100.000 евра, треба да платат 9,9 проценти. Тоа предизвика огорчување кај многумина Кипрани.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес ја оправдува бриселкста одлука, истакнувајќи дека земјата има само две алтернативи - слом на банкарскиот систем со регулиран државен банкрот или „сценарио на болно, но контролирано менаџирање на кризата“. Двете најголеми загрозени банки во Кипар вкупно имаат загуби од 4,5 милијарди евра, што е приближно една четвртина од националниот бруто домашен производ.

Zypern Bankenkrise

Долги редици пред банкоматите во Кипар

Вонредните давачки на банкарските депозити мораат да бидат усвоени во форма на закон од парламентот најдоцна до утре вечер. Утрешниот ден инаку е национален празник во Кипар. Кoга во вторник утрото банките повторно ќе отворат, мора се‘ да биде јасно, во спротивно се заканува неконтролиран јуриш на штедачите на банкарските шалтери. Кипарците уште вчера се обидоа да ги подигнат своите заштеди, но банките затворија, а наскоро пари немаше ни во банкоматите.

Усвојувањето на пакетот мерки во парламентот е неизвесно, двете партии кои го поддржуват претседателот имаат само 29 од вкупно 56 мандати. Доволно е поинаку да гласа само еден од нив, за да дојде до пат позиција. Опозицијата веќе најави дека ќе ги одбие мерките кои предвидуваат вонредни давачки за штедачите.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц исто така се залага за олеснувања за ситните кипарски штедачи. Учеството на банкарските клиенти во пакетот за спас е правилно, но мора да биде „социјално праведно“, изјави тој за „Велт ам зонтаг“. Според него, би била потребна измена со која од давачки би биле ослободени депозитите до 25 илјади евра. Ситните штедачи крајно не се одговорни за финансиската криза на Кипар, смета Шулц.