1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кинеско-грчка хармонија во Пиреја

Грција е под голем притисок за штедење, а инвеститори кои би отвориле нови работни места нема никаде. И кога голема кинеска компанија купи дел од пристаништето во Пиреја отпорот беше голем. Во меѓувреме тоа се смени.

Влезот на пристаништето број 2 во Пирејското пристаниште е единствено можен во придружба на капетанот Фу и тоа исклучиво во неговиот автомобил. Капетанот Фу е главен менаџер на компанијата ПЦТ, зад што се крие "Piraeus Container Terminal", контејнерско пристаниште во сопственост на кинескиот логистички гигант Коско (Cosco). Ваквите предупредувања веднаш будат клишеа за кинеската цензура и толерирање само на оние новинари кои ги игнорираат темните страни на компанијата.

Кинези, одете си дома!

Пред 3 години, кога ПЦТ ја откупи лиценцата за користење на западниот дел на пирејското пристаниште, отпорот на локалното население беше голем. „Коско, оди си дома", скандираа демонстрантите кои тогаш го блокираа пристапот кон пристаништето. „Кинезите ти наплаќаат 10 евра ако задоцниш 10 минути", се ширеа хорор-приказните за новите работодавци од Далечниот Исток.


Но, во меѓувреме, отпорот се намали. Домашните го прифатија новиот работодавач и во меѓувреме го сметаат и за спасител на пристаништето.

Манос Коматеас е роден во Пасалимани, историскиот центар на Пиреја. Некогаш беше сопственик на мала компанија за безбедност и системи за бродови, сега вози такси. И него го погоди кризата и тој смета дека секоја помош однадвор е добредојдена. „Требаше да ги пуштиме Кинезите порано", смета Коматеас. Кинезите се покажаа како добри работодавци, редовно ги исплаќаат месечните примања. Освен тоа, како што кажува Коматеас, Кинезите се „пристојни" и „многу добро воспитани". Новите газди од самиот почеток покажаа дека им е важен долорочниот ангажман во Пиреја: вложиле во инфраструктурата така што е зголемен и капацитетот на пристаништето. Пристаништето 2, со кое управуваат Кинезите, сега подобро изгледа од Пристаништето 1, кое е се' уште во рацете на државата. Кинезите моментално градат уште едно пристаниште.

Исполнети ветувања

Кинеската компанија Коско досега вложила над 300 милиони евра во пристаништето во Пиреја. Благодарение на Кинезите, 720 работници ги задржаа своите работни места, а уште 800 зависат од пристаништето. Моментално интензивно се преговара и со атинскиот аеродром, како и со државната железница. Според идејата на кинеските инвеститори, Пиреја би требало да биде главно влезно пристаниште за стока од Азија и од Африка кон Европа и обратно. Идејата е да се заштеди патот на бродовите од Гибралтар до северноморските пристаништа Ротердам и Хамбург. Од Пиреја стоката би се префрлала со железница кон север, но и кон исток на Европа.

Griechenland Kapitän Fu Chengqiu in Piräus

Раководителот на ПЦТ, капетанот Фу Ченгчи

Така гласи верзијата на раководителот на ПЦТ, капетанот Фу Ченгчи. Оваа идеја ја попречува грчката железница. Трасата од југот кон северот на земјата е застарена и со една лента, недостасуваат тунели и мостови. Но, капетанот Фу во тоа не гледа проблем. „Ако за работа се зафатат неколку логистички компании, се' може брзо да се направи", смета тој. Безграничниот оптимизам не го поматува ниту политичката состојба во Грција. „Кој е на власт во Атина, воопшто не ме интересира. Секоја влада сигурно ќе ги штити интересите на својот народ и ќе ги поддржи инвеститорите", оптимистичен е Фу Ченгчи. Колку не му е важно кој е главен во Атина го покажува и фактот дека во неговата канцеларија виси сликата на Јоргос Папандреу, кој даде оставка пред повеќе од 1 година и по кој се сменија уште двајца премиери.

Двојна полза и хармонија

До 2043 година, додека важи лиценцата за користење на пристаништето во Пиреја, состојбата ќе се смири, вели кинескиот менаџер кој лесно шири оптимизам, бидејќи има огромна поддршка од матичната компанија во Кина. И огромни девизни резерви. „Хармонија и двојна добивка" - тоа е мотото на капетанот Фу и на неговата компанија.

Griechenland Weihnachten in der Krise

Седиштето на ПЦТ во Пиреја

Мала сенка врз кинеско-грчката хармонија фрлија анти-кинеските демонстранти кои ја повредија гордоста на инвеститорот и пред се' го удрија по џебот. „Со недели не можевме да работиме и загубивме многу пари", се присетува Фу. Но денес кинеските работодавачи и грчките работници се едно големо семејство. Гркинката која работи на рецепција во компанијата објаснува и кој е одговорен за почетните несогласувања меѓу гостите и домашните. „Тие кои ги организираа демонстрациите беа синдикалци кои се плашеа за своите привилегии", кажува таа. Нејзе, според сопствени зборови, никогаш не и' било подобро: платата не и' е намалена, работодавачот кон неа се однесува со почит, а јадењето во кантината е бесплатно. Кинеско-грчката хармонија продолжува.