1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кинески воени бродови влегоа во близина на југот на Јапонија

Седум кинески воени бродови се забележани утрово недалеку од островите на крајниот југ на Јапонија, во време кога трае дипломатскиот спор за суверенитетот над островите во Источното Кинеско Море.

„Пилот на еден јапонски авион забележа седум кинески воени бродови во водите, 49 километри југоисточно од островот Јонагуни. Бродовите се движат кон север, од Тихиот Океан во правец на Источно Кинеско Море“, изјави неименуван претставник на јапонското Министерство за одбрана.

Тој наведе дека меѓу бродовите, два се крстосувачи и две фрегати и оти влегле во територија која меѓународно се смета за јапонска.

Insel-Streitigkeiten Japan und China

Утрово се забележани седум кинески воени бродови во близина на крајниот југ на Јапонија

Јапонија и Кина имаат дипломатски спор околу суверенитетот над ненаселените острови, кои Јапонците ги нарекуват Сенкаку, а Кинезите Диаоју, во Источното Кинеско Море. Напнатоста меѓу двете земји се зголеми на почетокот на септември, кога јапонската влада одлучи да национализира неколку острови, кои до тогаш му припаѓаа на приватен јапонски сопственик.

Од тогаш кинеските патролни бродови во повеќе наврати влегова во територијалните води на тие острови, односно на помалку од 22 километри од нивниот брег.