1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кинеските фирми експандираат во Германија

Пред турнејата на канцеларката во Русија, Кина и Казахстан беше нагласено значењето на економските врски на Германија со тие земји. Нов момент е: кинески претпријатија се’ позасилено инвестираат во Германија.

default

Од пред повеќе од една деценија кинеската влада ги подржува тамошните претпријатија во нивните намери за меѓународна експанзија. Статистиката го изразува ефектот - во 1999 година Кина потроши 48 милиони евра за купување странски претпријатија. Десет години подоцна сумата е петстотинипати поголема. Хуанг Ќун, адвокат од Франкфурт, кој ги советува кинеските претпријатија кои сакаат да

China Wirtschaft Deutschland Investitionen Technik Siemens Leipzig

Германската технологија во центарот на интересот на кинеските стопанственици

инвестираат во Германија, вели дека првиот бран од пред 25 години опфаќал претежно трговски претпријатија. Потоа, во деведесетите години, уследија производствени фирми. Сега се одвива третиот бран на експанзија. „Сега доаѓаат кинески фирми за да се доберат до ноу-хау и технологија со преземањето германски претпријатија“, укажува Хуанг.

Германија е тешка земја за бизнис

Според Ма Женжу, адвокат и советник од Диселдорф, на германскиот пазар сега навалува голем број кинески претпријатија главно од областа на машиноградбата и металопреработувачката дејност. Севкупниот волумен на инвестиции на кинески претпријатија во Германија Ма го проценува на преку 100 милиони евра годишно. „Кинеските инвеститори сфатија дека е исцрпена стратегијата за Кина како светска работилница и се ориентираат на високовредни производи и квалификувани пазари. Ако може да се опстане во Германија, значи може да се опстои насекаде во светот“, вели Ма.

Ангажманот на кинески инвеститори и во Германија наидува на позитивен одглас - градовите и општините се обидуваат да ги привлечат, нудејќи им стартни погодности. Адвокатот Ма смета дека многу кинески претприемачи

Symbolbild China Wirtschaft

наивно и лошо подготвени му приоѓаат на ангажманот во Германија. „Германија е тешка земја за бизнис. Мора да се смета на многу пречки, формалности и потешкотии“.

За разлика од германските претпријатија кои се веќе активни во Кина, кај некои кинески инвеститори уште не е доволно развиена интеркултурната компетентност. Но, и покрај сите тешкотии, во Кина и натаму расте расположението за експанзија, оти околностите се погодни: еврото во последниов период загуби десет проценти од вредноста во однос на кинескиот јуан; значи, идеално време за подложување на тест во Германија!

Автор: Јан Јун/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска