1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кинеските спортисти - деца на државниот систем

Дождот од медали на кинеските спортисти на Игрите во Лондон повторно покрена лавина сомневања во кинескиот спортски систем. Дали за време на тренингот се внимава на правните методи и дали се користат хемиски средства

Колку повеќе кинески спортисти освојуваат медали, така се множат сомневањата за патиштата по кои овие спортисти доаѓаат до успехот. Кога 16-годишната Је Шивен постави нов светски рекорд во пливање и последните 50 метри ги исплива побрзо од најбрзиот маж во истата дисциплина, за многу западни новинари беше јасно: тука напомош била хемијата!

На конференцијата за печат по победата Је изјави дека ваквите обвинувања се неосновани.

„Кога ќе победат спортистите од западните земји, тогаш никој не се сомнева“, порача Је. Слично реагираа и спортските работници од Кина.

Спортот во Кина, како во ниту една друга земја, е симбол за силата на нацијата. Населението ги слави успесите на своите спортисти, а Је на интернет веќе се јавува како „божица“ и „симбол на сите Кинези“. Како и порано во државите од источниот блок, и за кинеското раководство, спортистите се важен симбол.

Olympia 2012 Entscheidungen Tag 1 Galerie

Је Шивен

Комунистичкото раководство смета дека добрите спортисти се одраз на силниот систем. И во тоа се во право: кинеските спортисти се навистина деца на државниот систем.

Селекција уште во градинка

Додека на западот типичната кариера на некој спортист почнува во спортско друштво, кариерата на еден кинески спортист се одредува уште во градинките кои ги посетуваат трагачите по таленти на владата. Се обрнува внимание на изгледот и на деца од 3 и 4 години. На пример, за пливачката кариера на Је пресудни биле нејзинтие долги раце. Откако ќе биде одбрано, детето се испраќа во некој од спортските интернати во кои владеат челична дисциплина и тренинг до истоштеност. Тие се затворени за посети и воопшто за јавноста.

Атлетичарката од поранешната ГДР, Инес Гајпел, пред ОИ во Пекинг во 2008. се обиде да дознае повеќе детали за кинескиот спортски систем. Со комисијата за спорт, која ја именуваше германскиот парламент, отпатува во Кина за да ги истражи тврдењата дека во кинеските спортски училишта константно се врши допинг.

„Истражувањето беше болно“, вели Гајпел. Кинескиот спортски систем е една од најдобро чуваните тајни. Посети се дозволени само во едно спортско училиште, кое е и создадено за да се покажува пред странците.

Допинг со хормони

Гајпел израснала во сличен систем. Во ГДР, како и во Кина, спортските таленти од мали нозе биле тренирани во интернати. Принудниот допинг- без знаење на децата, бил нормална појава во бројни спортови. По обединувањето на Германија, поранешните спортски функционери беа казнети поради принудниот допинг.

Гајпел вели дека и спортистите во Кина систематски се допингуваат.

„Знаеме дека Кина е најголем производител на ЕПО- генерици, хормони за раст“, вели таа и додава дека на тие медикаменти се вршат внимателни промени, па во лаборатиите за допинг е речиси невозможно да се откријат.

DDR Sportler Ines Geipel

Инес Гајпел

Кина е често вплеткана во случаи со допинг. Кога на ОИ во Сиднеј во 2006. беше најавено дека ќе биде употребен специјален тест за откривање на ЕПО, Кина повлече 27 атлетичари од својот олимписки тим. Пред ОИ во Пекинг во едно атлетско училиште на североистокот на Кина беа пронајдени 298 ампули со хормонот ЕПО и 141 доза анаболици.

Пливачката Је Шивен досега повеќе пати беше тестирана. Претседателот на британскиот Олимписки комитет, Колин Мојнихам вели дека таа е „чиста“. Меѓутоа критичарите на кинескиот спортски систем не седат со скрстени раце.

„Тука нешто не е во ред, од почеток до крај“, вели Гајпел.

„Тоа се неверојатни резултати. Секој кој го познава пливањето знае дека е тоа физиолошки невозможно“.