1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кинескиот поход кон Африка

Кина е се уште третиот најголем трговски партнер на Африка – по САД и Франција. Меѓутоа, тоа бргу може да се промени. Африканско-кинескиот трговиски обем меѓу 2000-та и 2005-тата се зголеми за четирипати: од 10 на 40 милијради долари. Најдоцна до 2010 Кина има намера да стане најголемиот трговиски партнер на Африка. Шанса за африканската економија? Или опасност за европската соработка со Африка која бара демокртаија

и добри влади од нејзините африкански партнери? Заедничка средба на Дојче веле со фондацијата Корад Аденауер и африканските здруженија за шансите о тизите на кинескиот ангажман во Африка:

За Африка и нејзината интеграција во светската трговија голема шанса е новиот интерес на Кина и Индија за овој континент. Ова може да се прочита во неодамна објавената студија на Светската банка. Југ-југ трговијата е нов тренд што ќе има широки последиици за светската економија.

Дали прагматичната кинеска политика кон Африка ја потиснува европската која развојната политика ја поврзува со добро владеење? Ги засилува ли погрешните партнери, авторитарните и недемократските режими како оние во Судан или Зимбабве? Дејвид Култхарт ја согледува таа опасност. Тој е еден од малкуте опозициони пратеници во Зимбабве. Притисокот и изолацијата на земјата од страна на Европејците водеа кон тоа, авторитарниот режим на Мугабе да се сврти кон Кина:

„Во изминатите шест години Роберт Мугабе воспостави политика кон исток што водеше кон тоа Кина во овој период многу повеќе да се ангажира во Зимбабве. Колку што мене ми е познато, Кинезите имаат посебен интерес на енергетскиот пазар, во нашите рудници, пред се за платина. Во меѓувреме се воспоставени три кинески авио-линии. Го посматраме и влезот на кинески текстил и чевли кои ја потиснуваат нашата индустрија во тие подрачја. Неодамна Кина на режимот на Мугабе му додели кредит од половина милијарда долари. Во парламентот бевме информирани дека Кина ќе финансира воени авиони. Во норамлни околности ваквата соработка е продуктивна, но под сегашните што владеат во Зимбабве ние сме загрижени за улогата на Кина во Зимбабве„.

До неодамна оваа земја беше втората најголема економска сила во подсахарската област. Меѓутоа, политиката на Мугабе во последните пет години од Зимбабве направи пустош. Во земјата богата со суровини, повеќе од 4 милиони луѓе гладуваат.

Односите со Африка во Кина се работа на шефот, од новиот почеток со патувањето на кинескиот претседател Џијан Цемин на африканскиот континент пред десет години. Во почетокот на ноември во Пекинг по третпат ќе се сретнат премиери и министри на форумот за соработка Африка – Кина. На претставници на Европската унија во Пекинг не им е дозволено присуство ниту како посматрачи.

Инаку, кинеската политика кон Африка ја определува нејзината глад за енергија. Во иднина Кинезите имаат намера околу една четвртина од увозот на нафта да покриваат од Африка што треба да ја намали зависноста од увозот од земјите на Голфот, вели политологот Ксуеву Гу:

„Африка денес има решавачко значење за кинеската енергетска стратегија, за да ја намали зависноста од нафтата од Блискиот исток. До средината на 90-сеттите години Кина увезуваше околу 60 насто нафта од тоа подрачје. Во меѓувреме, тоа е намалено на 37 насто, во што решавачки учествуваат испораките од Африка. Сега од тој континент се увезуваат 21 насто, главно од Ангола и Судан„.

Кинеските партнери во Африка се главно држави со кои Европа само ограничено соработува, како на пример во случајот на Судан кој ги злоупотребува човековите права. Сепак, велат критичарите, многу милиони евра развојна помош заминаа кон Африка – без ефект. На многу места класичната развојна политика доживеа неуспех. Оттаму, активната кинеска политика кон Африка би можела да биде и импулс за размислување на адреса на Европејците, иако претставниците на Унијата и африканските демократи како Култхарт се единствени дека ориентацијата на Европа кон демократија и добро владеење е исправна. Доброто владеење и во иднина ќе остане суштински дел на европската развојна соработка, не како услов за развојна помош, туку како предизвик, вели Уве Висенбах од Европската комисија:

„Во меѓувреме и Африканците гледаат дека развојот на континентот е неопходно да се засилува со доброто владеење„.

Од тие причини во новиот европски фонд за развој кој за периодот 2008-2013 година има вкупно 22 милиона евра, три милиони се резервирани за таканаречената транша за добро владеење.

Прагматичната кинеска политика кон Африка би можела да биде историски единствена шанса за континентот. Би можела. Но, само под претпоствка да ја надмине кинеската глад за енергија и ресурси и потргата по нови пазари. Дури тогаш може да биде импулс за целосна интеграција на Африка во светската трговија.