1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кинескиот извоз повторно бележи пораст

Втората по големина економска сила во светот очигледно ја надмина слабата фаза. Трговијата на крајот на мината година неочекувано забележа силен пораст.

Кинескиот извоз во декември 2012. година забележа силен пораст. Извозот во споредба со декември 2011. година порасна за 14,1 проценти. Тоа е највисоката стапка на пораст во последните седум месеци. Таа е значително повисока од прогнозите на експерите, кои во просек очекуваа пораст од четири проценти. Во ноември извозот забележа пораст од само 2,9 проценти.

Исто така порасна и увозот во декември и тоа за шест проценти што е двојно повеќе отколку што предивдуваа прогнозите, откако во ноември беше регистрирана стагнација.

Според некои експерти, наглиот позитивен тренд е само привремен, оти побарувачката од САД и Европа и натаму слабее. Други набљудувачи бројките ги толкуваат како натамошен сигнал за тоа дека Кина постепено ја надминува најлошата економска рецесија по светската финансиска криза во 2008. година. И други индикатори во меѓувреме укажуваат дека ситуацијата се подобрува.