Кинескиот вселенски брод се врати на Земјата | Свет | DW | 29.06.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кинескиот вселенски брод се врати на Земјата

Мисијата на кинескиот вселенски брод Шенжу-9 заврши. Капсулата со тројцата членови на екипажот се врати на Земјата. Во оваа мисија учествуваше и првата Кинеска која одлета во вселената.

Кинескиот вселенско летало Шенжу-9 со тричлен екипаж, по 13-дневна мисија се приземји во севернозападниот дел на Кина. Во оваа мисија учествуваше и првата Кинеска која одлета во вселената, Лиу Јанг. За време на речиси двонеделниот престој во вселената таа била задолжена пред се’ за медицинските експерименти.

Астронаутите извршиле и низа експерименти за време на престојот во вселената. Во текот на изминатата недела Кина успешно реализираше мануелно поврзување на Шенжу-9 со модулот Тијангонг-1, кој веќе кружи во орбитата на Земјата. Двата вселенски брода се движеа со брзина од 28.000 километри на час, а постоеше ризик да се распаднат, доколку се судрат.

Маневарот се сметаше за важна етапа за кинеската програма за вселенски летала и предуслов за поставување на вселенска станица. Целта на Пекинг е да ја постави своја постојана орбитална станица до 2020. година. Досега Кина изведе четири мисии во вселената, во кои учествувале и астронаути.