1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кинеска офанзива за стабилизација на еврото

Кинескиот вице-премиер Ли Кечијанг денеска (07.01) разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Посетата на Берлин е дел од неговата турнеја низ Европа, во чии рамки ги посети Шпанија и Велика Британија.

default

Ли Кечијанг во Берлин допатува вчера (06.01)

Кинескиот вице-премиер Ли Кечијанг вчера веќе оствари средба со германскиот министер за економија, Рајнер Бридерле. Бридерле ги пофали одличните трговски односи со Кина и истакна дека само во првите 10 месеци од минатата година германскиот извоз во Кина пораснал за 45%, додека кинескиот во Германија за 34 проценти. Бридерле, меѓутоа, побара од кинескиот заменик премиер зголемување на курсот на кинескиот јуан во однос на доларот.

Ли Кечијанг се смета за политичар во подем во Кина. Како член

Symbolbild China Flagge Euro Wirtschaft

На Кинезите им оди во прилог да го стабилизираат еврото

на политбирото на кинеската Комунистичка партија, тој спаѓа меѓу неколкуте лица, кои де факто управуваат со земјата. Во него се гледа наследник на актуелниот премиер Вен Џијабао, што наскоро би можело да го претвори Ли во еден од најмоќните луѓе во светот.

Зошто голема турнеја во Европа?

Причината за големата турнеја на кинескиот вице-премиер е повеќе од очигледна. Пред една година ЕУ ги претрка САД како главен трговски партнер на Кина и затоа сега на Кинезите им оди во прилог да го стабилизираат еврото. Кинескиот заменик-министер за економија, кој е дел од делегацијата на Кечијанг, истакна дека довербата на Кина во европските и шпанските пазари останува и дека Пекинг верува оти тие ќе ја надминат кризата.

Еберхарт Зандшнајдер, аналитичар од институтот за истражување при Германското друштво за надворешна политика смета дека тоа е доволно разумно. „Во интерес на Кина е да обезбеди стабилност насекаде во светот, во сите сфери“, истакна Зандшнајдер за Дојче веле. „Кина ќе стори се` што може, со цел да помогне во стабилизирањето“, додава тој.

Автор: ТТ/ЕМФ/дв/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска