1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кинеска индустриска шпионажа

Германската служба за заштита на уставот алармира: кинески хакери, се вели, се почесто и посупешно ги атакуваат германските технолошки фирми. Посебно се погодени средните фирми од каде што потекнуваат многу иновации. Се наликува на идустриска шпионажа а ла Џејмс Бонд. Меѓутоа, во секојдневјето тоа изгледа сосем поинаку, и навидум наивно.

default

Во некое време во 2006-тата. Се случува на било кој меѓународен саем во Шангај. Било кој интеренет сурфер два дена по саемот открива цртежи за најмодерните електромотори во светот, што го прикажуваат соодветниот мотор до детали. Документот е составен на разбирлив кинески јазик и сосем стручно, и нуди информации за тоа кои германски фирми кои компоненти ги лиферуваат за тој тип мотор, врз кои технички принципи работи таа фирма и кои се слабостите, ако ги има. Авторот е анонимен. Ова е епизода што на кинескиот интеренет дневно се повторува безброј пати. Но, тоа е процес што на германските експерти за безбедност на интернет им задава големи главоболки. Томас Тиквински одговорен за телекомуникациска технологија објаснува:

„Од една страна постојат голем број информации што преку интернет ги објавува производителот, во форма на спецификација на производот, описи и начинот на постапки. Потоа секако и можноста, преку вистински сценарија за атак да се дојде до интерни информации. Тоа може да се нарече класично хакерство, односно да се влезе во обезбедените компјутери на фирмата за да се стигне до точни спецификации и шеми на производството. И преку фалсификувани веб-страници со кои сосем легално може да се влезе во компјутерските системи на фирмите за да се соберат дополнителни информации„.

Според информациите на германската служба за заштита на уставот, техничкото ниво на кинеските хакери е исклучително високо. Експертот Тиквински зборува и за уште една можност да се дојде до информации:

„На тој начин што што ќе се привлече практикант или студент од соодветната земја која треба да се атакува и преку таа личност потоа да се соберат пристапни податоци до техничките системи. Тој соработник потоа самиот дејствува и собира податоци што потоа му ги проследува на налогодавачот„.

Алармот сега го упатува еден од највисоките политички органи во Германија: службата за заштита на уставот. Мотивацијата на кинеските фирми е чисто од економски причини. Шпионирањето на конкуренцијата им овозоможува за кусо време да ги копираат и да направат плагијати на иновативните производи и да ги лиферуваат на пазарот по пониски цени. Таквите постапки за германската технолошка бранша не значат само загуби во милијарди, туку понекогаш ја губат техничката предност за секогаш. Томас Тиквински ги предупредува пред се германските средни фирми, зашто тие, за разлика од големите фирми, тешко можат нешто да преземат против индустриската шпионажа:

„Информатичките постројки на средните фирми не се такви за да обезбедат одбрана. Тоа значи дека и преку зрачење на магнетско-електронски начин може да се прочита што се гледа на екранот на соработникот и да се отсечат цели комуникациски елементи. За тоа во шпионската техника постои сосем легален пристап до технологии што можат да се употребат за такви упади на хакерите„.