1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кинеската влада ги отфрла сите обвинувања

Кинеската влада денеска повторно ги отфрли обвинувањата дека Кина на Тибет води политика на геноцид. Вината за тоа што на Тибет се случија немири не е кај кинеската влада, туку кај Далај Лама.

default

Прстот на премиерот Јиабао насочен кон Далај Лама

Ова го изјави кинескиот премиер Вен Јиабао на денешната прес-конференција по повод завршувањето на националниот конгрес во Пекинг:

„Ние постојано велевме дека е отворена вратата за дијалог, ако Далај Лама престане да пропагира независност на Тибет и ако прифати дека Тибет и Тајван се неделиви делови на Кина. Тоа постојано го велиме и во тој став ништо не е променето„.

На прашањето како реагира Пекинг на се погласните барања од Запад за бојкот на Олимписките игри, премиерот Јиабао изјави:

„Вие го поставувате прашањето за Олимписките игри. Токму видовте што им е намерата на оние што на Тибет инсценираа немири. Тие сакаат да ги спречат олимписките игри. Ние пак, посакуваме успешни игри и можеме да ви кажеме: спортистите и сите други посетители ќе бидат задоволни од игрите во Пекинг„.