1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кинезите му се жалат на Обама

Интернет страницата „We the People" на Белата куќа е замислена како место каде американските граѓани можат да се жалат или нешто да бараат. Сега американската платфрома за петиции ја открија и Кинезите.

На почетокот на мај на платформата за петиции на американскиот претседател се појави чудно барање - од американската влада се бара официјално да утврди дека вкусот на тофуто е сладок. Соленото тофу треба да се забрани. Во друга петиција, составена на лош англиски јазик, исто така се зафаќа едно кулинарско прашање - на жителите на Пекинг треба да им се забрани да прават фламбирано тесто на ист начин како во соседниот град Тианџин. Нема сомневање, Кинезите ја открија американската интернет страница за петиции и ја користат за свои цели.

Страницата „We the People" (Ние Народот, н.з.) постои од септември 2011 година. Се' повеќе американски граѓани ја користат платформата за да добијат поддршка од другите граѓани или владата за решение на своите проблеми.

Symbolbild Internet Zensur Allgemein

Се' повеќе американски граѓани ја користат платформата за да добијат поддршка од другите или од владата за решавање на своите проблеми

Петициите се тематски многу разновидни. Некои Американци бараат построга контрола на оружјето, други сакаат легализација на марихуаната, а еден шегобиец сака да ги спои САД и Австралија во „Америстралија“.

Популарност по убиство

За лансирањето на страницата за петиции во 2011 година се известуваше и во кинеските медиуми, без притоа да биде предизвикано којзнае колкаво внимание. Популарноста на страницата кај Кинезите скокна откако на 3 мај беше поставена петиција која се однесува на злосторство што се случило во Пекинг пред 19 години.

Случајот се врти околу обидот за убиство на поранешната студентка Жу Линг во 1994 година. Жу тогаш студирала на угледниот универзитет Тсингуа во Пекинг. Жу Линг во тоа време била цимерка со Сун Веи, која денес наводно живее во САД под името Јасмин Сун. Во тоа време таа била обвинета дека се обидела да ја отруе Жу Линг со талиум. Жу преживеала, но оттогаш е тежок инвалид. Истрагата за случајот е запрена на крајот на 1990-тите. Оттогаш постои сомневањето дека некогаш главно осомничената извршила влијание врз правосудството благодарение на одличните врски на своето семејство.

Кога во април годинава во Шангај беше извршено уште едно убиство со талиум, медиумите го „исчепкаа“ случајот на Жу Линг и истражуваа натаму. Во социјалните мрежи околу тоа се дискутира жестоко. Соодветно големо беше и

Symbolbild Cyber Angriff Chinesische und amerikanische Fahne vor einem Hotel in Peking

За лансирањето на американската страница за петиции во 2011 година се известуваше и во кинеските медиуми

интересирањето за онлајн-петицијата во која се бара Јасмин Сун да и' биде израчена на Кина. Веќе по десет дена петицијата ја потпишаа 150.000 Кинези. Според правилата на „We the People", американската влада мора да реагира на една петиција ако таа во рок од 30 дена биде потпишана од повеќе од 100.000 луѓе.

Кинеските власти се љубоморни

Тоа што Кинезите се жалат за внатрешни проблеми на интернет страници на странски влади наидува на неразбирање кај кинеските власти. Кинескиот државен весник „Глобал Тајмс“, на пример, на 7 мај коментираше: „Постојано има луѓе кои користат секаква можност за да се жалат на наводната 'неправедност' на кинескиот правосуден систем... Белата куќа не е странско претставништво на кинеската Управа за петиции. Ние имаме наши проблеми и ќе направиме напор за нив да најдеме решенија.“

Но се' додека проблемите се нерешени, многумина Кинези сакаат да ја искористат шансата да му се жалат и натаму на Барак Обама. Така, граѓаните

Viele Menschen auf engem Raum in China

Се предлага и кинеската влада да отвори онлајн-платорма за петиции, како вентил за незадоволството во општеството

од југозападниот град Кунминг се жалат поради планираната изградба на рафинерија, а во друга петиција од американската влада се бара да ги обелодени имотите што во американските банки ги имаат кинеските кадри и нивните роднини.

Онлајн-петициите како вентил

Кинескиот социолог Шиа Јелианг оценува дека на Кина и' недостига функционален механизам на поднесување петиции и преземање мерки по нив. Шиа за ДВ вели дека во Кина постои Управа за петиции, но лицата кои поднесуваат петиции често потоа се следени, понекогаш се апсат и злоставуваат. Затоа Шиа предлага и кинеската влада да отвори онлајн-платорма за петиции. Тоа би можело да биде важен вентил за незадоволството во општеството.

Американската влада досега ретко реагираше на петиции од Кина. Дури и ако се соберат повеќе од 100.000 потписи, мора да се смета на чекање. Како и да е, Белата куќа веројатно нема да мора да се грижи за тоа дали тофуто треба да биде солено или слатко. Од неопходните 100.000 потписи што треба да се соберат во рок од 30 дена, тофу-петицијата во првата недела успеа да добие само 2.500.