1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кинезите доминантни фалсификатори на машини и алатки

Меѓународните фалсификатори на марки и производи одамна не се ограничуваат само на артикили од потрошувачката индустрија како модерна обелка или луксузни производи. Во поново време фалсификаторите се специјализираат и за производите од машинската и од индустријата за опрема за што алармираат герамнските производители.
По една интерна истрага на Сојузот на германските производители на машини и опрема ВДМА се покажа дека секоја втора членка мора да се бори против пиратеријата на марки и производи. Се повеќе фирми прашуваат за совет што да се прави со илегалните копии. Изнедувачки е, вели правниот експерт на ВДМА Хајко Беплат што од пред две до три години од скоро сите подрачја на машинската индустрија доаѓаат жалби за илегални копии кои опфаќаат од лагери и резервни делови за автомобилски и авионски мотори, до помошна техничка опрема и машини за алатки. При правењето плагијати најчесто се користат поефтини материјали отколку кај оригиналните што го зголемува и ризикот при нивната употреба. Според пресметките на ВДМА плагијатите главно, околу 75 насто, се произведуваат во земјите на Источна Азија. Кај секој втор анкетиран Кина се спомнува како земја во која се прави тоа. Претседателот на ВДМА Дитер Клингелнберг вели:
"Дури и Јапонија почна со тоа. Но, најмногу тоа го прават Кинезите. Се обидоа и Русите, без поголем успех. Значи најмногу станува збор за многу концентрираните и надарени Кинези кои ни задаваат грижи, зашто на другите пазари е можна и правна постапка".
Тој ги советува производителите на машини и алатки да преземат одбранебена стратегија во форма на краткорочни развојни цикулси:
"Кај нас тоа игра улога, имено германските машини се спицифично толку многу комплексни што е тешко да се копираат. Но, заштитата е тешка. Ние се обидуваме да се браниме на тој начин што од една страна ги поврзуваме кинеските лиферанти и тоа на наша сметка, а од друга што се обидуваме побргу да се развиваме. Па кога Кинезите ќе копираат една машина ние веднаш да имаме нова марка". ВДМА во својата интерна студија проценува дека загубите во прометот изнесуваат околу 10 насто кај врвните производи, но просекот е околу 3 насто. Ако оваа релација се земе како мерка, тогаш за германската машинска и алатна индустрија годишно настануваат штети меѓу 400 и 500 милиони евра. Меѓутоа, вистинскиот износ е повисок, вели Клингелнберг:
"Немам престава колку е висок тој износ. Тргнувам од тоа дека ние не знаеме точно што се копираат Кинезите. Се додека не се појават на меѓународните пазари и се ограничуваат само на кинескиот пазар не можеме да го знаеме целосниот обем на плагијатите".
Најчесто таквите плагијати се откриваат сосема случајно - кога плагијаторот ќе ги понуди тие производи на меѓународни саеми. Ефикасна заштита против пиратеријата практично нема. ВДМА им советува на своите членки заштита на своите производи и марки да обезбедат преку правото на конкурентска заштита, иако и тоа не помага многу, вели Клингелнберг:
"Во принцип не може ништо да се направи, посебно не во Кина. Мора да се прашува каква е ситуацијата на секој поединечен производ при патентирањето, какви се правата за заштита и дури тогаш може да се направи обид за одбрана. Сепак, подобро е да се постигне согласност зашто споровите за сопственст на патент или правните спорови за заштита траат предолго и чинат ужасно многу пари".
Така во секој трет откриен случај се случува ништо да не се случува. Во втората третина се постигнува некаква согласност, а само остатокот атерира кај некој судија.