1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина ја „тресат“ елементарни непогоди

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди северо-западната кинеската провинција Ксинјианг. На југот од земјата има големи свлечишта предизвикани од обилни дождови.

Земјотресот што утрово ја погоди Кина бил на длабочина од 9,8 километри, во близина на границата со Казахстан. Според кинеските власти, 17 лица се повредени, од кои повеќето туристи. Едно лице од нив има тешки телесни повреди. Од потресот биле урнати неколку згради, имало прекин на електричната енергија, а оштетена е и железничката пруга. Веднаш се испратени спасувачки екипи за пронаоѓање на евентуални жртви и помагање на настраданите.

Земјотресот е почувствуван и на оддалеченост од 300 километри, во Урунчиј, главниот град на провинцијата, како и во градовите Душанџиј и Куитун, јави државната кинеска телевизија. Луѓето во овие градови исплашени од земјотресот масовно излегле на улиците. Во рок од 90 минути пио првиот потрес следувале уште осум помали тресења на земјиштето.

На југот од Кина 59 лица загинаа, а 42 други се водат како исчезнати, во свлечиштата на земјата предизвикани од обилните врнежи на дожд. Со обилниот дожд и невремето се погодени 11 провинции и региони, главно на југот од земјата. Дождовите почнаа да паѓаат уште на 20-ти јуни, предизвикувајќи пројни свлечишта на земјиштето. Кинеските власти информираат дека 440.000 лица се евакуирани, како и дека десетици илјади куќи се оштетени.

Александар Методијев/афп/миа/бета