1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Кина ја среќава Европа„

Kинескиот премиер Вен Џијабао синоќа во градскиот совет на Хамбург присуствуваше на отворањето на мошне значајната тридневна конференција под наслов „Кина ја среќава Европа„. Меѓу присутните и германскиот министер за стопанство Михаел Глос како и екс-канцеларот Хелмут Шмит.

Време на Кинезите во Хамбург: премиерот Џијабао меѓу Кинезите што работат во Германија

Време на Кинезите во Хамбург: премиерот Џијабао меѓу Кинезите што работат во Германија

Од крајот на 90-сеттите години Кина се етаблираше во светот како економска сила - во меѓувреме стигна до четвртото место. Тоа пак ги отвора следниве прашања: Каква позиција ќе заземе Кина во глобализираниот свет? Колку долго ќе трае ваквиот енормен економски развој? Дали ќе и успее да ги совлада еколошките штети што ги предизвикува таквиот развој? Овие и други прашања се во фокусот на тридневната средба во Хамбург.

На отворањето претседателот на трговската комора на градот Карл Јоахим Драјер порача:

„Европската страна ќе ве поддржи со сите сили во натамошниот развој на вашата земја. Притоа би сакале да се концентрираме врз отстранувањето на трговските бариери меѓу Европа и Кина„.

Во тој дијалог мора да стане збор и за засилувањето на правниот систем за да се создаде стабилна основа за ангажманот на приватното стопанство, подвлече Драјер. Правната држава и продолжувањето на курсот реформи му се важни и на кинескиот премиер Вен Џијабао. За трговската размена со Европа рече:

„Знам дека трговијата меѓу нас за Европа значи дефицит. Настојуваме за урамнотежена трговија. Наша цел не е да постигнеме трговски суфицит. Сакаме повеќе да увезуваме од Европската унија, од Германија, пред се од подрачјето на високата технологија„.

Вен вети поголеми напори во заштитата на интелектуалната сопственост. Ова го поздрави екс-канцеларот Хелмут Шмит во неговиот говор во кој уште истакна:

„Кина е пример за многу земји во развој во светот. Знам колку е тешко да се водат 80 милиони луѓе. Кинеското население брои 15 пати повеќе од германското. Затоа е многу тешко да се води држава како Кина отколку Германија„.