Кина ја откажа свеченоста по повод нормализацијата на односите со Јапонија | Свет | DW | 23.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина ја откажа свеченоста по повод нормализацијата на односите со Јапонија

Кина ја откажа прославата по повод годишнината од нормализацијата на дипломатските односи со Јапонија, јавува кинеската државна агенција Ксинхуа. Причина најверојатно е спорот околу островите во Источнокинеското Море.

Кина денеска (23.09) ја информирала Јапонија околу откажувањето на манифестацијата по повод 40-годишнината од повторното воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, јавува агенцијата Ксинхуа повикувајќи се на изјави на претставник на владата во Пекинг.

Insel-Streitigkeiten Japan und China

Дел од спорните острови

Јапонската новинска агенција Џиџи Прес исто така јавува за откажување на церемонијата. Поранешниот кинески министер за надворешни работи Танг Џиаксуан меѓутоа, и натаму е подготвен да прими претставници на Јапонија во Пекинг, се вели натаму во медиумските информации, кои се потпираат врз изјави од дипломатски кругови.

Причина за откажуавњето на церемонијата најверојатно е актуелниот спор меѓу двете земји околу групата острови во Источнокинеското Море, која во Кина се нарекува Диаоју, а во Јапонија - Сенкаку. По најавата од Јапонија дека има намера да купи три од островите, кои патем не се населени, во Кина почнаа насилни протести кои траеја со денови. Групата острови се смета за стратешки важна, а освен тоа на морското дно околу островите се претпоставува дека има големи резерви на нафта и гас.