1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кина ја освојува Месечината

Кинеското месечево возило „Зајак од жад“ успешно утрово се одвои од леталото со кое е спуштен на површината на Месечината и започна тримесечно истражување на околината.

Снимките на истражувачот кој на површината на Месечината е спуштен во 4.35 часот по кинеско време, се испратени на Земјата, соопштено е од пекиншкиот центар за истражување на вселената.

Месечевото возило е наречено „Зајак од жад“, име кое го доби по Интернет гласањето. Тоа има шест тркала, тешко е 140 килограми и може да се качува по угорница до 30 степени и да се движи со 200 метри на час.

Оваа мисија е важна етапа во амбициозната вселенска програма на Кина, која планира до 2025. година да испрати човек на Месечината и да стане прва азиска земја која го сторила тоа.