1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кина се‘ повеќе старее

Пред 30 години кинеската влада усвои т.н „политика на едно дете“, за да го закочи големиот наталитет. Целта е постигната, но цената за тоа е висока. Кина, како и Германија, се вбројува во најстарите општества во светот.

default

„Политиката на едно дете“ ја претвори Кина во едно од најстарите општества

Лу Јанкин сјае. Триесетгодишната жена, заедно со својот сопруг, беше во советувалиштето за родители во нејзината општина во Шангај. Сега е јасно - нејзиниот шестгодишен син ќе добие братче или сестричка. „И јас и мојот сопруг сме деца - единци. Нашата финансиска ситуација ни‘ дозволува да имаме и второ дете. Синот често прашува дали може да добие брат или сестра. И бабите и дедовците го посакуваат тоа. Тие мислат дека тогаш во поголема мера ќе бидеме вистинско семејство“, вели Јанкин.

China Alltag Land und Leute in Peking Fußgängerzone

Кина има повеќе жители отколку официјалните 1,3 милијарди

Лу Јанкин и нејзиниот сопруг припаѓаат на „генерацијата на едно дете“. Двајцата немаат браќа или сестри. За ваквите парови отсекогаш постоеја исклучоци, тие смееја да имаат и второ дете. Во Кина, генерациите што работат се должни да се грижат за постарите. Кога еден човек кој работи би бил одговорен за двајца родители и четворица баби и дедовци, тогаш едвај би можел да го носи товарот.

Ново, притоа, е што за првпат во Шангај, луѓето задолжени за планирање на семејството, како Занг Меиксинг прават реклама за второ дете: „Шангај мошне рано ја спроведе контролата на раѓање. Како последица на тоа, бројот на стари луѓе тука е повисок отколку каде било во Кина. Дваесет и еден процент од населението се над 60 години, 15 проценти се дури постари од 65 години. Слично како во Германија." Последици: Шангај тоне, работната сила е ретка, социјалната пирамида е разнишана. „Владата мошне внимателно го следи развојот. И политиката на едно дете нема вечно да остане иста. Се менуваат времињата, се менува политиката. Кина, додуша, го намали растот на популацијата, но сепак како нација растеме и натаму. Секоја година на свет доаѓаат околу 20 милиони бебиња“, објаснува Занг.

Милиони илегални бебиња

Бројот на жителите пред се‘ се зголемува во селата. Училниците во малото селско училиште во јужната провинција Џиангкси се преполни. За селаните има повеќе исклучоци од правилата на политиката на едно дете.

Milchskandal in China

Бројот на паровите кои смеат да добијат трето дете е зголемен трикратно

Ако првото дете е девојче, семејството може да добие и второ дете. За тешката работа на поле потребни се силни мажи. Исклучоци има и за малцинствата. На пример, на Ујгурите кои во мнозинство се муслимани, им е дозволено да имаат три деца. Притоа на свет доаѓаат милиони илегални бебиња, кои никогаш не се пријавени и не се заведени во ниту една статистика. Некои експерти веруваат дека Кина има многу повеќе жители отколку официјалните 1,3 милијарди. Назад во Шангај: Ју Јукин работи во еден центар за контрола на раѓањето во населбата Пудонг. Таа раскажува: „Од година во година се зголемува бројот на двојките кои легално смеат да добијат второ дете и кои навистина го добиваат. Само во нашата општина, од 2006 година наваму, бројот на овие парови се зголеми трикратно.“

За Лу Јанкин и нејзиното синче Бо, овие статистики не играат никаква улога. Бо едноставно сака братче или сестричка и би било супер кога би можле да си играат заедно. Мајката Јанкин, со по малку тага, се сеќава на своето детство: „Често ја молев мајка ми да роди уште едно дете. Мислев дека ако растеме заедно би била посреќна. Сите мои другари имаа браќа или сестри. Тогаш им завидував.“

Автор: Франк Холман / Ана Алибегова

Редактор: Алексанадра Трајковска