1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина се опремува со руско оружје

Уште на почетокот на посетата на Москва новиот шеф на Кина, Ши Џинпинг, склучи дил во вредност од милијарди долари. Пекинг порача руски подморници и борбени авиони.

Кина се обврза да купи од Русија 24 ловци бомбардери и четири подморници што претставува најголемата руска продажба на оружје на Пекинг во последните десет години. Тој договор бил склучен веднаш по доаѓањето во Москва на новиот кинески претседател Ши Џинпинг, пишува Народниот дневен весник, официјален орган на кинеската Комунистичка партија. Ши допатува отпатува од Москва во неделата по тридневна посета со којашто, како што изјави, е многу задоволен.

Договорот предвидува купување на 24 ловци бомбардери од типот „Сухој Су-35“ и четири подморници од класата „Амур“ од кој две ќе бидат изградени во Русија а две во Кина.

Според написот, двете земји преговараат и за купување на руските ракетни системи „С-400“, воените воздухопловни транспортери „Иљушин Ил=476“, модернизираната верзија на Ил-76, авионите за логистика „Ол-78“ и мотори за воздухоплови „Сатурн 117С“. Кинеските медиуми се повикуваат на руски информации според кои вредноста на склучената зделка изнесува две милијарди американски долари.

Кина, поранешен главен купувач на рускиот воено-индустриски комплекс постепено се оддалечи од Русија кога станува збор за купувањето руско оружје. Кинеските воени експерти и натаму ги интересира купувањето на најдобрите руски технологии, за да ги копираат и да развиваат сопствена индустрија за вооружувањето.

Кина на почетокот од март најави дека ќе го зголеми својот воен буџет за 2013 година, што предизвика загриженост на соседите, особено на Јапонија. Со новиот финаниски план, за одбраната во оваа година ќе бидат обезбедени 10,7 проценти повеќе средства, односно вкупно 720 милијарди јуани (приближно 89 милијарди евра).