1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина - регионална сила со глобални интереси

Кина ќе ги зголеми издвојувањата за армиски потреби за цели 13% на вкупно 65,6 милијарди долари. Таа спроведува амбициозна програма на модернизација. Соседите го следат таквиот развој со загриженост.

default

Со ваквите најави за пораст на воениот буџет, Кина се враќа на линијата на форсирање на развојот на оружените сили. Минатата година имено официјален Пекинг ја намали стапката на пораст под 10 насто. Годинава воените давачки ќе учествуваат во вкупниот буџет со 6 проценти, изјави портпаролот на Народниот конгрес на Кина, Ли Жаоџинг.

„Кина се придржува до мирољубивиот пат на развој, а одбранбената политика е дефанзивно ориентирана. Во споредба со другите држави нашите давачки се релативно мали. Тие средства се вложуваат во обезбедувањето на нашата независност, суверенитет и тероријален интегритет. Тоа не претставува никаква опасност за други земји!“

Сеопфатна модернизација

САД и кинеските соседи сепак со загриженост гледаат на ваквиот развој. Кинеската армија се модернизира на сите полиња и нивоа, вели Џонатан Холслаг од Институтот за современи студии со седиште во Брисел.

„Станува збор за конвенционално оружје како што се бродови, подморници и авиони.

Kriegsschiff im Hafen China

Кинески воен брод

Но, набљудуваме исто така како Кина се’ повеќе развива оружје за несиметрична закана, како што се ракети со голем дострел, кои можат да се користат и против носачи на авиони. Освен тоа кинеската армија гради помали бродови опремени со ракети против други бродови, кои можат да се користат и против разурнувачите на американската армија.“

Регионална сила

Експертите сметаат дека кинеската одбранбена политика и понатаму се ориентира пред се’ кон регионот, при што голема улога игра отцепениот Тајван, но и територијалните спорови околу јужното Кинеско море, кое е богато со важни суровини. Кинескиот економски подем во секој случај се одразува и на полето на одбранбената политика, вели експертот Холслаг.

„Кина се смета за регионална сила со глобални интереси. Поради тоа таа смета дека е неопходно да се покаже и на воен план за да може да ги заштитува своите глобални интереси.“

Автор: Рут Кирхнер / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски