1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина разлутена, светот бара ослободување на Шиаобо

Доделувањето на Нобеловата награда за мир на кинескиот дисидент Лиу Шиаобо ја разлути Кина. Пекинг ја нарече одлуката срамна. Шиаобо, пак, доби честитки од Германија, Норвешка, ЕУ, Далај Лама ...

default

Лиу Шиаобо

Германската влада му честиташе на годинешниот лауреат, Лиу Шиаобо. Портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт го нарече Лиу Шиаобо храбар човек, кој зака да помогне за остварување на поголема демократија и човекови права во неговата татковина, без омраза и насилство:

„Германската влада посакува, тој да излезе од затвор и самиот да присуствува на врачувањето на наградата. Таа и во минатото се залагаше за негово ослободување и тоа ќе го прави и сега“, истакна Зајберт.

Порака за поддршка до сите борци за човекови права

Deutschland China Tibet Dalai Lama in Bochum Pressekonferenz

Далај Лама под знамето на Тибет

И тибетантскиот духовен лидер во егзил Далај Лама ги повика кинеските власти да го ослободат од затвор добитникот на годинешната Нобелова награда за мир и останатите политички затвореници. Далај Лама ја доби Нобеловата награда за мир во 1989 година поради неговиот стремеж за мирно остварување на културна автономија на Тибет, во рамките на Кина.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во името на ЕУ истакна дека наградата за Шиаобо е силна порака за поддршка на сите оние ширум светот, кои со голема лична жртва се борат за слободата и човековите права.

На годинешниот лауреат му честиташе и норвешкиот премиер Јенс Столтенберг и покрај заканите на Пекинг дека на одлуката на Нобеловиот комитет во Осло се гледа како на непријателски гест, кој може да ги наруши односите меѓу Кина и Норвешка.

Сопругата на Шиаобо смета дека Кина треба да биде горда

Frau von Liu Xiaobo

Лиу Шиа, сопругата на Нобеловиот лауреат

Инаку, заканата до норвешките власти беше само дел од лутата реакција на властите во Пекинг на денешната вест од Осло.

„Лиу Шиаобо е криминалец, осуден од кинеските правосудни органи поради кршење на кинескиот закон“, соопшти министерството за надворешни работи, дополнувајќи дека неговите активности се во спротивност со целите на Нобеловата награда за мир.

Сопругата на Шиаобо, Лиу Шиа истотака реагираше, порачувајќи дека Кина треба да биде горда поради изборот на Нобеловиот комитет и да го ослободи нејзиниот сопруг од затвор. Таа изрази надеж дека меѓународната задница ќе ја искористи оваа можност да ја повика кинеската влада да го пушти од затвор Лиу Шиаобо.

Автор: СН/ЖА/ртре/афпе/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска