1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина: Пресметка со активистите за човекови права

Во Кина денеска почна судењето на четворица припадници на кинеската организација за заштита на човековите права „Ново граѓанско движење“, на чиј основач Шу Џијонг вчера му беше изречена четиригодишна затворска казна.

Со тоа бројот на активистите на „Ново граѓанско движење“ кои се изведени пред суд во изминатите седум дена се зголеми на десет лица. Сите тие се обвинети за нарушување на јавниот ред.

Многумина од нив истакнувале пароли на јавни места со кои барале од функционери да ги обелоденат своите имоти како дел до борбата против корупцијата и учествувале во помали протести и собири посветени на дискусии по кои е познато движењето.

По изрекувањето на затворската казна на основачот на „Ново граѓански движење“, Шу Џијонг, САД соопштија дека се „длабоко разочарани“, а меѓународната организација „Амнести интернешнл“ казната ја оцени како срамна.

Повеќе од 20 членови на „Ново граѓанско движење“ беа притворени минатата година.