1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кина-правда

*

По три години затвор,повторно е на слобода еден кинески соработник на Њујорк тајмс.Адвокатот на Џао Јан соопшти дека неговиот клиент од затвор бил пуштен без документи.Тој беше уапсен во 2004 година и во 2006 во спектакуларен процес осуден на три години затвор поради измана,а беше ослободен од обвинението за издавање државни тајни.Според набљудувачите,причината за неговото апсење беа критичките извештаи на сметка на владата.Случајот предизвика внимание на меѓународната јавност.И германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер се заложи за ослободувањето на Џао,означувајќи ја пресудата како несразмерна.