1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кина: Подобро да се патува со велосипед отколку со воз?

Кинеската Нова година (годинава на 10 февруари), е време кога во Кина почнува најголемата „преселба на народите“ во светот. Кога патува народот во земја со повеќе од милијарда жители, сообраќајот се претвора во хаос.

Је Тао овојпат направи поинаку - од местото на студирање во јужнокинеската метропола Гуангзу тој дома, во 600 километри оддалечениот град Жанџијанг, се враќа со велосипед. Цели пет дена 21-годишниот студент возеше за да стигне за празникот дома. Но, овој напор му е подраг отколку возењето со автобус или воз. „Порано се возев со воз, но возовите во овој период се неподносливо полни. Насекаде има толпа народ. Ако сакаш во тоалет мора да чекаш во ред со часови.“

Повторно почна времето на најголемата преселба на народи во светот. Околу кинеската Нова година народот во земата која има повеќе од една милијарда жители тргнува на пат. Кошмар за сообраќајните планери. Властите сметаат дека годината од 26 јануари до 7 март ќе има 3,4 милиони поединечни патувања. Притоа, како поединечни патувања се сметаат и сите поединечни преседнувања. Посебно густо е пред 9 февруари, кога традиционално, пред Новата година, на заедничка вечера се собираат членовите на поширокото семејство, кои инаку живеат расфрлани по земјата. Потоа со огномет на полноќ се влегува во новата година, која годинава е година на змијата.

Сезонски работници, студенти, туристи

Во ваквата голема преселба на народот се истакнуваат најмногу три групи. Околу 240 милиони сезонски работници, кои во потрага по подобра заработувачка ги напуштиле родните села и заминале во богатите градови на истокот на Кина, пред Нова година се враќаат дома. Второ, студентите кои од крајот на јануари до крајот на февруари имаат распуст и кои како Је Тао сакаат

China Neujahrsfest Bahnhof von Guangzhou

Полицаец се обидува да воведе ред во толпата народа која чека пред железничката станица во Гуангзу

да бидат дома за најважниот семеен празник во кинескиот свет. И трето, тука се „нормалните“ внатрешни туристи кои неделата од 9 до 15 февруари, во текот на која не се работи во цела земја, ја користат за малку да го продолжат одморот и патуваат во Кина и надвор од неа.

За да се задоволат големите потреби, потребно е дневно да возат 2,6 милиони автобуси на долги релации, со капацитет од 78 милиони патници. Железницата дневно има во сообраќај 5.300 возови на долги релации, а на кинеските аеродроми дневно има по десет илјади летови.

И покрај сето тоа, милиони сезонски работници попусто ќе чекаат со часови за билет. Билетите најчесто се распродаваат за неколку минути. И резервирањето билети преку интернет, во услови на екстремно зголемена побарувачка, функционира со проблеми. Дупките во понудата, и покрај можните строги казни, ја пополнува пазарот на црно.

„Посебен сообраќаен режим за Нова година“ од крајот на 1980-тите

До пред триесет години не постоеше поимот „посебен сообраќаен режим за Нова година“. Тој во медиумите се појавува дури во 1980-тите. Тогаш мажите од

Chinesisches Frühlingsfest Zug Lang

Возовите се преполни, а билетите се распродаваат за неколку минути

село почнаа во голем број да работат како сезонски работници на истокот на земјата. Тие не смеат да пријават живеалиште во метрополите во коишто работат. Своите семејства мора да ги остават во родните места, и тоа не само родителите, туку често и децата. „Ако проблемот со патувањето дома на стотици милиони Кинези не се реши, тогаш нашиот сообраќај ќе остане страшно преоптоварен“, вели професорот по економија Жао Џијан од универзитетот Џијатонг во Пекинг. „Проблемот е неограничената навалица во градовите“, оценува Жао за ДВ.

Но, урбанизацијата во Кина напредува со големи чекори. Затоа проблемот засега останува и Је Тао веројатно и наредната година повторно ќе си оди дома со велосипед.