1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина повторно тоне во смог

Северните и источните делови на Кина се погодени од смог. Во некои делови вредностите на дозволени штетни материи се зголемени за 34 пати. Според една студија годишно умираат до 500.000 Кинези од загадувањето на воздухот

Поради екстремните количини на смог во Кина властите за околу 400 милиони Кинези на северот и во средините региони на земјата прогласија „портокалов“ - втор највисок степен аларм. Вредностите на опасните честички во воздухот во Пекинг беа зголемени за 17 до 20 пати од границите препорачани од Светската здравствена организација (СЗО). Метеоролошкиот центар прогласи аларманта состојба поради смогот за метрополите Пекинг и Тианјин како и за шесте провинции Хебеи, Шанкси, Шандонг, Хенан, Шанкси и Лиаонинг. Во градот Тангшан, кој се наоѓа на североисток од Пекинг биле измерени за 34 пати зголемени вредности на опасни материи од вредностите што ги препорачува СЗО.

Смогот како причина за смрт

Долгорочните последици од загадувањето на воздухот се фатални: Поранешниот кинески министер за здравство Чен Жу во една последна студија проценува дека секоја година умираат меѓу 350.000 и 500.000 Кинези како последица од загадувањето на воздухот.

Според едно поранешно испитување проценките се уште подраматични, имено во 2010 година според тие податоци починале околу 1,2 милиони луѓе од супер малите штетни честички во воздухот со пречник помал од 2,5 микрометри (PM2,5). Овие отровни материи преку белите дробови директно влегуваат во крвта. Во болниците во кинескиот главен град се зголемува бројот на пациенти со проблеми со дишењето или воспаленија на очите. „Имаме многу повеќе пациенти“ информира едена соработничка на кинеско-јапонската болница во Пакинг. Една студија на шангајската академија за социјални науки главниот град на Кина го опишува како „речиси да не може да се живее“ во него и со тоа предизвика голема вознемиреност.

По смогот што го зафати Пекинг минатата година, властите есента најавија вонредни планови. Така на пример се планира за највисок степен на аларм „црвено“ масовно да се забрани сообраќајот и да се затвораат фабрики.