1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина одново во „галоп„

Додека во Германија се радуваат на стапките на пораст во едноцифрен износ, Кина повторно се најде во зоната на двоцифрените. Точно 11,2 проценти изнесува порастот во оваа земја во првиот квартал од годинава. Меѓутоа, бидејќи се е релативно, почетната основа е сосем поинаква од германската. Но, и за Кинезите ваквото темпо е претерано, па премиерот предупреди од прегревање на стопанството. На тој начин пак, пред

Нови урбани хоризонти како доказ за напредокот

Нови урбани хоризонти како доказ за напредокот

извика спирала на загриженост во целиот свет.

Сите го знаат следново од спортот: оној што сака да ја издржи трката, не смее да трча пребргу, инаку ќе се премори и нема да стигне до целта. Многу слично е и со конјуктурата: ако атмосферата е еуфорична, доаѓа до прегревање. По претераниот растеж најчесто се случува нагло завршување на скокот. А, инаку би можел да трае повеќе години со побавно темпо. Се чини на САД тоа им успеа, но не и на Кина, каде што двоцифрената стапка од првиот квартал веќе се смета за опасност. Така барем гледа берзата во Шангај и го коригираше курсот за пет проценти. Причина е потфрлањето на монетарната политика, смета Мауро Толдо од ДеКаБанк. На кинеската национална банка не и успеа да го насочи стопанството во помирни води:

„Ликвидност во секој случај постои и фирмите инвестираат. Меѓутоа, премногу се консумира, што исто така има позитивни влијанија. Претходно Кинезите профитираа од извозот и инвестираа. Во меѓувреме трендот продолжува: консумирањето и натаму расте што долгорочно е важен столб за растежот„.

Со потрошувачката и на домашен терен, растежот добива и во широчина, значи стопанството се наоѓа во важна фаза кога се намалува и зависноста од странство. Но, тоа може да биде и проблем, зашто поголемата побарувачка ги крева цените. Заедно со порастот на платите во Кина, тоа значи поголема инфлација. На моторот му се заканува да се прегрее. Според Толдо, националната банка мора да ја нагази сопирачката, што значи да ги зголеми каматите:

„Мора нешто да се направи, значи заострување на кредитната политика, а не на монетарната. Ќе се случи и редукција на инвестициите, но мора да се направи и повеќе„.

Сепак, овој експерт на ДеКаБанката смета дека е можен долгорочен пораст на стопанството во Кина од 8 проценти годишно, зашто земјата се уште не е заситена. Во напредните индустриски земји како Германија, такво нешто е незамисливо, бидејќи пазарите тука се презаситени. Од тие причини, Кина го задржува големото значење за светската економија, со надеж дека нема бргу и да го загуби.