1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина новиот светски првак во извоз?

Германскиот извоз: минатата година пети пат по ред Германија беше светски првак во извоз. Но оваа титула најверојанто ќе треба да и ја предаде на Кина во 2008 година.

default

Стопанствотот во Кина доживува бум

Позититивниот економски развој и извоз од минатат година беше причина со нетрпение да се очекува годинашнава анкета меѓу германските стопански комори за надворешно трговско работење и економски репрезентети во повеќе од 80 земји. Тие го набљудубваат пазарот и имаат контатки со тамошните и германските претпријатија, и опфаќаат 98 проценти од германскиот трговски извоз и увоз.

Проценката на анкетата спроведена во мај и јуни годинава донесе добра и лоша вест Аксел Ничке, шеф економ на Германската индустриска и трговска комора „Наредната година вредноста на германските извози за првпат ќе ја надмине и границата од еден билион евра. Но Германија во 2008 година ќе ја изгуби титулата светски првак во извоз и ќе и ја предаде на Кина.“

Со квоти на пораст од околу 20 проценти годишно, Кина ќе ја надмине Германија. Земјата уште сега ги доминира светските пазарите кога станува збор за извоз на електронски производи и текстил. Кина е една од малкуте земји со која германската економија бележи извозен дефицит, кој во наредната година најверојатно ќе порасне на 35 милијарди евра.

Но иако е можно губење на оваа и онака оспоруваната титула, за германските претпријатија има и утеха Ничке појаснува

„Германските претпријатија профитираат со тоа што многустрано се ангажирани во Кина. Не само Германците, туку и други странски претпријатија имаат удел во кинеското стопанство. Сметаме дека околу 60 проценти од кинескиот извоз во странство тече преку претипријатија кои имаат меѓународно учество и со тоа се даваат импулси на претпријатијата во многу земји во светот.“

Германските извози во 2007 и 2008 година бележат половина од кинескиот пораст. Повисок порст е спречен од една страна поради зголеманата вредност на еврото, што на пример ги поскапува германските автомобили во САД. Од друга страна смета Ничке, зголемувањето на платите во Германија ги уништуваат конкурентните предности кај доставувачите во земјите на средна и источна Европа. Трето во намалениот извоз зе забележува и зголемнета потрошувачка внатре во земјата.

Според предвидувањата Европската унија останува главен превеземач на германскиот експортни производи, Франција најголем поединечен увозник. Извозот во САД годнава треба да падне за 2 процента, но затоа повторно ќе порасне во 2008 година. Се поважни купувачи за Германија се Кина, Индија, и новите држави на ЕУ.

Во странство ценети се пред се машините вели Ничке „Германската машинска индустрија во последните години бележи огромен развој, со производствен плус од 30 проценти за три – четири години. Овој развој ќе продолжи“ Како иден пазар во последно време се повеќе се развива азиско – пацифичкиот регион, и за германскиот извоз наскоро би можел да биде поважен од цела Северна Америка. Причина за ова е засилената индивидуална потрошувачка во Индија и Кина.