1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина не сака слеп раст

Во Пекинг започна годинешниот Национален конгрес, на кој учествуваат околу 3 илјади делегати од сите кинески провинции. Главни теми се заштитата на човековата околина, борбата против корупцијата и намалувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните.

Ветувања за водење сметка за екологијата

Ветувања за водење сметка за екологијата

Националниот конгрес започна како и обично,со тапани и фанфари.На почетокот на 10 годишно заседание на Парламентот премиерот Вен Џиабао најпрво ги пофали напредоците на земјата, за потоа да стигне до точките каде е потребно подобрување.Кина последните месеци беше на удар на меѓународната критика како најголем свестки загадувач на природната средина.Затоа премиерот Вен Џиабао на темата и даде врвен приоритет:

„Во оваа година треба да постигнеме заштеда на енергијата,намалување на нејзината потрошувачка,промени во стопанисувањето од аспект на екологијата. Постојните претпријатија,кои и покрај санирањето сеуште не одговараат на нормите, треба во согласност со законот да бидат затворени.“

Тоа пред се ќе ги погоди старите и исцрпени државни фабрики од тешката индустрија и небројани често приватни мали работилници. Двата типа претпријатија не се приспособени на модерната еколошка техника.

Треба да и биде ставен крај и на се попроширената корупција,побара премиерот Вен Џиабао: „Постојат проблеми во функционирањето на владата.Предничат екстраваганцијата и расипништвото. Во некои служби се забележуваат бирократизам,формализам, отуѓување од масите. Некои службеници примаат поткуп. Мораме да преземеме мерки и ефикасно да ги решиме овие проблеми. Нема да ги изневериме очекувањата на народот“,вети Џиабао, за што доби аплауз.

Тема и овојпат беа огромните разлики меѓу сиромашните и богатите, како и проблемните на околу 800 милиони селани кои живеат на раб на егзистенција. Премиерот најави за нив подобрување во здравственото осигурување и подобрување во пристапот кон образованието и пазарот на работна сила.

Вен Џиабао би сакал да избегне и слеп енормен економски растеж: „Тежиштето мора да биде на развој на услужните дејности и подигнување на нивото на индустријата. Мора да бидат подобрени логистиката, финансиите, компјутерската мрежа, туризмот и управните служби. Итен проблем е како нашата економија да ја промениме од голема во силна.“

Притоа Џиабао се заложи и за јакнење на приватните фирми и заштита на приватната сопственост, но нагласи дека не се доведени во прашања комунистичките принципи.

Поврзана содржина