1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина не попушта пред „Гугл“

Кина опстојува на цензурата на интернет во спорот со американскиот концерн „Гугл“, кој во знак на протест поради цензурата и хакерските напади се закани со повлекување од Кина. Ова ги затегна односите меѓу Кина и САД.

default

Кина ги повика претпријатијата од интернет браншата да соработуваат со владата при цензурата на интернет. Порнографијата, хакерските напади и онлајн-измамите се најголемите опасности на интернет, соопшти владиниот портпарол Ванг Чен денеска во Пекинг.

Странските интернет фирми кои работат во Кина треба да се придржуваат на кинеските закони, изјави и портпаролката на министерството за надворешни работи, Џианг Ју, денеска на прес-конференција во Пекинг.

На обвинувањата за хакерските напади кои во Кина се вршат врз „Гугл“, Џианг Ју ја повтори вообичаената формулација: кинеската влада ги осудува хакерските напади. На барањето на американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон за разјаснување на случајот, портпаролката само кратко изјави дека кинеската влада им ја објаснила својата позиција на САД.

„Кина во областа на интернетот работи според законите, а нашата пракса соодветствува на меѓународната. Сите странски интернет компании се добредојдени да работат во Кина, доколку работат во согласност со кинеските закони“, истакна портпаролката Џианг Ју откако интернет-гигантот „Гугл“ најави дека ќе се повлече од земјата поради хакерските напади на неговите сервери и налогот за цензурирање на информациите.

China Internet Google Logo und Flagge in Peking

Кина не чувствува потреба за корекција

Крај на проблематичната врска?

„Гугл“, инаку, мораше да направи многу компромиси за својата работа во Кина. Кога пред четири години стартуваше во Кина, се изјасни дека прифаќа самоцензура. Зашто, пазарот од околу 340 милиони корисници беше премногу привлечен, а кинескиот пребарувач -конкурентот Баиду стана пресилен. Но, по целните напади врз серверите на „Гугл“, проблематичната врска за американскиот концерн е доведена во прашање. Правниот застапник на „Гугл“, Дејвид Друмонд вака ги објасни состојбите:

„Не знаеме се‘ уште дали хакерските напади од Кина биле организирани. Прашање е дали зад тоа стои владата, не обвинуваме никого, зашто немаме дефинитивни докази.“

Цел на хакерските напади, како што објави „Гугл“, била електронската пошта на кинеските борци за човекови права. Но, напаѓачите наводно успеале да отворат само две виртуелни поштенски сандачиња, иако е откриено дека електронската преписка на десетици активисти се наоѓа под будно око.

Освен врз „Гугл“, откриени се слични напади во Кина и врз најмалку 30 други американски претпријатија кои работат во областа на интернетот, финансиите, технологијата, медиумите и хемиската индустрија, како и еден концерн од областа на индустријата за производство на оружје. Во истрагата за овие напади сега се вклучија и американските органи на власта.

Автор: ЖА/АТ/дв/дпа/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска