1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина не може да ја спасува презадолженaта Европа

Кина не може да ги користи своите девизни резерви за да ја спасува презадолжената Европа, изјави помошничката на кинескиот министер за надворешни работи Фу Јинг.

default

Кина не ги одбегнува обидите на меѓународен план да се спаси Европа. Таа во тој процес е позитивен и здрав учесник, гласи пораката од Пекинг на најновиот развој на настаните во еврозоната.

„Меѓутоа ставот дека Кина треба да ја спаси Европа со користење на сопствените девизни резерви не држи бидејќи резервите не се користат на тој начин“ , изјави помошникот шеф на кинеската дипломатија Фу Јинг, додавајќи дека со раководењето на кинеските државни резерви од 3,2 билиони долари мора да се почитуваат следниве принципи- „безбедност, ликвидност и здрав профит“.

China will Europa helfen

Со девизните резерви не се постапува неодговорно

„Кина се раководи по истите тие принципи кога купува обврзници од европските земји, обврзници од Меѓународниот монетарен фонд и американски обврзници“, истакна Фу Јинг.

Според неа девизните резерви не се пари со кои може да располага премиер или министер за финансии туку тие се слични на штедни влогови и нивната ликвидност и безбедност мора да се осигура.

Фу Јинг истакна дека од избувнувањето на финансиската криза во Европа, Кина го зголемила увозот од тој континент, а само во минатата година трговската размена забележала раст од 20 проценти.

Автор: СН/ АТ/ бета/ афп

Редактор: Александра Трајковска