1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина не е веќе земја на ниски плати

Платите во Кина растат просечно 20 проценти годишно. Кина ја отфрла улогата на земја број еден по ниски плати. Од производители, Кинезите се‘ повеќе стануваат и потрошувачи.

Германските работници можат само да сонуваат за такви зголемувања на платите-на први јануари локалната влада во Пекинг ги зголеми минималните плати за 8,6 проценти. Од први февруари тој пример ќе го следи и специјалната економска зона на југот на Кина, Шенжен. Долната граница во однос на платите во земјата е подигната на 1500 јуани, што е околу 185 евра.

Платите во Кина растат со брзо темпо. Според податоците на Министерството за труд и социјална заштита, платите во Кина лани пораснале за околу 20 насто. Главната причина е недостатокот работна сила во Кина, вели експертот за кинескиот пазара Лиу Каимунг од Институтот за современи истражувања во Шенжен.

Textilbranche EU China neu

Квалификуваните работници се на цена во Кина

„Се гледа дека од 2004-та година главната работна популација ја сочинуваат луѓе родени по 1980-та година. Поради плановите за раѓање, опаѓа бројот на работната сила“.

Недостатокот работници посебно е присутен во секоторт на ниски плати. Во текстилната бранша, но и во индустријата за играчки, се‘ повеќе фирми поради платите кои растат се одлучуваат производството да го преместат во Виетнам, Камбоџа или Бангладеш. Времето кога Кина беше земја со најниски плати очигледно помина. Кинеското раководство активно го поттикнува растот на примањата.

Повторно „меид ин Америка“

Запрен е дури и долгогодишниот егзодус на американските претпријатија во Кина.

„Бостонската консултантска група“ во декември лани објави извештај со наслов: „Меид ин Америка, повторно“. Во него наведува дека американските индустриски фирми за домашниот пазар повторно се‘ повеќе произведуваат во Северна Америка. Основната причина за тоа лежи во фактот што порастот на продуктивноста во Кина не може да биде компензиран со силниот раст на платите. Во САД напротив платите се намалуваат, а расте продуктивноста. Кон тоа доаѓаат и курсот на јуанот и слабиот американски долар.

Хал Сиркин, автор на студијата „Меид ин Америка, агеин“, смета со тоа дека трошоците на производството во Кина до 2015-та година кај големиот број производи ќе бидат само десет проценти помали отколку во САД.

Arbeiter am Fließband bei Ford in Chonqing, China

Американскиот автомобилски гигант „Форд“ произведува во Кина

Зголемена потрошувачка

Во германската индустрија таквиот тренд како во америоканскиот не е воочен, вели Александар Валдман од Одборот за азиско-пацифичко подрачје во германското Здружение на индустријалците. Напротив, германските фирми произведуваат во Кина пред се‘ во областа на високите технологии и сходно на тоа мора и онака да плаќаат високи лични доходи. За тие фирми квалификуваноста на работната сила игра поголема улога отколку прашањето за висината на платата, вели Валдман.

Но, растот на платите во Кина може да има позитивно влијание и врз странските фирми. Поголемите заработувачки ја зголемува куповната моќ на кинеските граѓани и го прави кинескиот пазар уште поинтересен. Од некогашните производители, стануваат потрошувачи.

Автор: Кристоф Рикинг/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска