1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина: Најтешки поплави во последните 60 години

Во најтешките поплави во последните шест децении во Кина загинаа најмалку 20 луѓе. Од нив десетмина загинаа во Пекинг.

Според извештаите на кинеските државни медиуми, во северната кинеска провинција Шанси четири лица го загубиле животот кога нивниот камион бил однесен од водата на поплавена река. Шест други лица загинале поради лизгање на земјиштето предизвикано од поплавите. Во главниот град Пекинг пак, има поплавени улици и откорнати дрвја. Исто така, има прекин на снабдувањето со електрична енергија. На меѓународниот аеродром во Пекинг, поради тоа што беа откажани 223 летови, се заглавени околу 80.000 патници. Во регионот на Пекинг во прекин е и железничкиот сообраќај.

Метеоролозите соопштија дека се ова најтешки врнежи од дожд од 1951 година, односно од моментот кога се води евиденција. Во делови од Пекинг наврна дури половина метар дожд.