1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина - најнизок пораст во последните осум години

Кина одамна не очекувала толку мал пораст како сега - Пекинг ја корегираше прогнозата за пораст на најниско ниво во последните осум години. Должничката криза го кочи извозот, државните финансии страдаат.

Кинескиот премиер Вен Џиабао очекува пораст од 7,5 проценти годинава - што е најниска прогноза во последните осум години. На почетокот на годишното собрание на Народниот конгрес во Пекинг, Вен побара поголем поттик на домашната потрошувачка. Според кинескиот премиер, брзиот пораст во земјата е „неодмерен, некоординиран и неодржлив“. Развојот мора да стане

Wen Jiabao, Eröfnung des Chinesischen Volkskongresses in Peking

Вен Џиабао

„поодржлив и пофикасен“, рече Вен во својот речиси двочасовен говор. Кризата ги става под притисок кинеските државни финансии. Министерството за финансии во својот предлог буџет предупредува од опасност од „значајни неурамнотежености меѓу приходите и расходите“.

Кина годинава, според финансиските експерти, ќе има дефицит во државниот буџет од 9 милијарди евра, или 1,5 проценти од брутодомашниот производ. Поради должничката криза во Европа и слабата конјуктура во САД, лоши се и изгледите на извозот. Министерството за развој и реформи предвидува дека порастот на надворешно-трговското работење ќе биде двојно помал од минатата година и ќе изнесува околу 10 проценти. Во предлог буџетот се бара да биде најдена рамнотежа меѓу порастот, реструктуирањето на економијата и контролирањето на инфлацијата. Финансиската политика мора да биде „пофлексибилна“.

Народниот конгрес ќе заседава десет дена. Предлог буџетот би требало да биде прифатен заедно со другите извештаи до 14 март.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Александар Методијев