1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина: најважен пазар за БАСФ

За германскиот хемиски џин БАСФ, Кина станува се поважна. Концернот има намера до 2010 година десет проценти од вкупното стопанисување да го остварува во оваа земја.

default

Една од фабриките на БАСФ во Кина се наоѓа во Нанџинг

Никаде во светот БАСФ нема таков специјален центар. Претседателот на групата за Азија- Пацифик на концернот Волфганг Хапке подвлекува: десет насто од вкупниот обрт на фирмата од преку 52 милијради евра, потекнуваат од автомобилската индустрија. Во Кина учеството треба да биде уште поголемо:

„Во меѓувреме порастот изнесува меѓу 10 и 20 проценти. Показател што е уште поважен: кинеската автомобилска индустрија токму тука го поставува економскиот фокус„.

Центарот во Шангај помалку е стратегиски потег, отколку идеја и тоа благодарение на добра пригода. Во минатата година БАСФ го презеде светскиот лидер во бизнисот со катализатори Енгелхарт. Негова намера беше покрај фабриката во Шангај, да отвори таму и главно седиште за азиските зделки. БАСФ ги смени плановите и за помала сума изгради автомобилски центар со лабораторија за развој на производството:

„Во лабораторијата главно се работи специфичен дизајн за клиентите. Компјутери со соодветни програми содаваат симулации што ќе ги испитуваат оптоварувањата на специфичните делови во практиката, за на тој начин да се обезбеди оптимална конфигурација„.

Во Кина истражувањето се уште се одвива бавно. Во центарот вкупно работат 200 соработници во сервисот, продажбата и маркетингот. БАСФ формира два тима за да може да ги услужи сите потреби на кинескиот авто-пазар:

„Едниот тим – Атомотор Азија, ги услужува сите клиенти од светот: Форд, Фолксваген, Мерцедес, а сега и Дајмлер. Вториот тим е за фирмите што работат во Кина„.

Покрај петкатниот авто-центар, се наоѓа фабриката за катализатори што му припаѓаше на Енгелхарт. Токму поради тоа што Кина има големи проблеми со заштитата на човековата околина и треба да храни милијарда и 300 милиони луѓе, Хапке гледа голема иднина за производите на БАСФ:

„Посебно кај бензините, моторите и нивната техника, преку користењето вештачки материјали, се до регулација на издувните гасови„.