1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина - нација на иновации?

Кина не сака да биде „светска фабрика“, што го снабдува светскиот пазар со евтина стока. Таа сака чекор по чекор да се развие во нација на иновации и да заземе водечка улога во полето на истражувањата и науката.

default

Според новиот извештај на кинеската влада, Кина и за следната година има зацртано амбициозни цели. Економското производство треба да се зголеми за осум проценти. Имајќи ја и финансиската и економска криза на ум, премиерот Вен Џијабао предупреди од преголеми оптимистички очекувања: „Нашето стопанство беше првото во светот што покажа знаци на подобрување и што можеше да го смени курсот на движење. Иако оваа година економскиот раст наидува на многу подобро опркужување отколку минатата година, состојбата со која се соочуваме е исклучително комплицирана. Домашните и странските фактори меѓусебно си влијаат. Меѓународно погледното, постојат надежи за опоравување на светското стопанството, истовремено основата за неговото заживување е се` уште лабава“, рече Вен на заседанието на Народниот конгрес.

Рекорден дефицит за помош во сите полиња

China Presse Volkskongress in Peking

Како кинеските планови ќе се одразат врз обичниот граѓанин?

А за кинеската економија да не мора да стои на стаклени нозе и да продолжи со справувањето со економската криза, Кина планира уште повеќе да се задолжи. Дефицитот се очекува да достигне рекордна висина од околу сто милијарди евра. Ова би бил највисокиот дефицит во изминативе шеесет годни. Со парите треба, пред се`, да се зацврсти домашниот пазар. Кина сака да ја намали својата зависност од извозот. Затоа владата планира и натаму да ја поттикнува домашната потрошувачка. Освен тоа, ќе се вложува и во модернизирање на руралните области, јазот меѓу богатите и сиромашните треба да биде намален, а системот на осигурување треба да биде подобрен. Државата вети помош на скоро сите полиња. Сепак, премиерот Вен Џијабао се обиде да ги намали очекувањата и посочи дека мора да дојде до реструктуирање: „Има уште неколку проблеми што го кочат нашиот економски и општествен развој. Има недостаток на поттик за економски развој, способноста за самостојни иновации не е доволно застапена, во некои бранши и натаму се продолжува со хиперпродукција. Ќе биде се` потешко да се справиме со вакви работи.“

Мора да се смени калапот на економскиот развој

Wirtschaft in China

Економското чудо продолжува со развојот

Јасно е кои се плановите на Кина за следната година: Народната република не сака да биде „светска фабрика“, што го снабдува светскиот пазар со евтина стока. Кина сака чекор по чекор да се развие во нација на иновации и да заземе водечка улога во полето на истражувањата и науката. „Кинеската нација не треба да биде само ’економско чудо’, туку треба да биде и нација на блијантни иновации. Мораме под итно да го смениме калапот по кој се развива нашето стопанство и да тргнеме по пат, на кој нашиот пазар расте со сопствени сили, преку нашите иновации“, истакна кинескиот премиер Џијабао на годишното заседание на Народниот конгрес во Пекинг.

Автор: Петра Алденрат / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска