1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина му нуди мировни преговори на Тајван

Кинескиот премиер Вен Ѓијабао на отворањето на годишниот Народен конгрес во Кина му понуди мировни преговори на Тајван - тој верува и во стопански пораст и за време на економската криза.

default

Народен конгрес во Кина

Од големиот кинески Народен конгрес не се очекуваат големи изненадувања, владата обично на него ја изнесува основата на својата политика пред гигантскиот собир. Но, годинешниот собир на делегатите навистина го заслужува епитетот необичен. Не само поради тоа што државата планира масивна помош во борбата против економската криза, туку и поради новите тонови во однос на Тајван, дури и понуда за мировен договор.

Premierminister wen spricht vor dem Volkskongress

Премиерот Вен Ѓијабао

Пред три илјади делегати на националниот Народен конгрес кинескиот премиер Вен Ѓијабао ги изнесе прдлозите кои предизвикаа вистински интерес: „Подготвени сме на фер и одмерени договори со цел Тајван да земе учество во активноста на меѓународните организации. Освен тоа, подготвени сме да водиме разговори и за политичките и воените прашања, да го завршиме непријателството и да потпишеме договор за мир меѓу двете страни.“

Но, освен оваа најава, кинескиот премиер не наведе други детали околу планот за помирување со Тајван, иако нагласи дека уште сега односите се значително подобрени.

Целите на Кина се поагресивни во економската политика

Државата сака вистински да се фати во костец со економијата, премиерот Вен Ѓијабао соопшти: „Сакаме стапка на развој од осум проценти. Мораме натамошно да ги развиеме економските структури. Во градовите сакаме да отвориме девет милиони нови работни места. Во земјоделските региони стапката на невработеност треба да се намали под 4,6 проценти“, гласи планот кој го изнесе кинескиот премиер.

Themanbild ASEAN Wirtschaft China Baustelle

Во криза и кинеската економија

Тој најави и конјуктурен пакет: голема по обем државна помош треба да ја поттикне економијата и да овозможи широка социјална мрежа. Високата стапка на развој е неопходна за да бидат обезбедени доволно работни места, за да бидат зголемени примањата и да биде обезбедена социјалната сигурност. Вен Ѓијабао не наведе конкретни бројки, но според конјуктурниот план предложен во ноември, тој треба да изнесува околу 400 милијарди евра.

Кинескиот премиер ги подготви своите сонародници сепак на особено тешка година. Задачите се тешки и големи, крај на економската криза се‘ уште не е на повидок. Таа натаму се шири и се влошува. Експертите меѓутоа зад прогнозираниот висок развој гледаат насочен оптимизам. Стапката на кинескиот раст е намалена, на крајот на 2008 година изнесуваше 6,8 проценти, а на почетокот беше 10 проценти. Околу 20 милиони луѓе веќе ги загубија рабоните места. Владините претставници затоа повеќепати предупредија од избивање социјални немири.

Инаку, Кина уште од 1949 година е во непријателство со Тајван, од граѓанската војна. Пекинг го смета островот за дел од Кина. Порано беше истакнувано, дека во краен случај повторното обединување ќе биде и со сила.

Тајванскиот претседател Ма Јинг Јеоу пак ја истакнува независноста на островот со неговите 23 милиони жители, но се изјасни за зајакнување на економските односи со Кина.