1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кина – министер за надворешни работи

Кинескиот министер за надворешни работи, Ли Заоксинг е разрешен од должноста и на негово место е назначен неговиот заменик, Јанг Џиеци. 66 годишниот Ли треба да замине во пензија. Тој беше прв човек на кинеската дипломатија од 2003 година наваму. Новиот министер за надворешни работи, Јанг, порано беше кинески амбасадор во САД. Причина за промената на кормилото во министерството за надворешни работи не е соопштена.