1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина и Русија со договор за гас

По повеќегодишни преговори, Русија и Кина постигнаа согласност за договор за енергетско снабдување. „Газпром“ од 2018 година ќе го снабдува кинескиот партнер „ЦНПЦ“ со најмалку 38 милијарди кубни метри гас годишно.

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Ши Џинпинг изразија задоволство по средбата во Москва. „Првиот ден на мојата посета заврши со голем успех“, изјави Ши вчера (22.03). Според експертите, пробивот е истовремено и сигнал до ЕУ, која поведе постапка против „Газпром“ за попречување на конкуренцијата. Русија потоа најави дека ќе се ориентира засилено кон Кина. Шефот на „Газпром“ Алексеј Милер нагласи дека конечниот договор за доставување гас во Кина ќе биде готов до крајот на годинава.

Освен тоа, концернот „Роснефт“ договори соработка со кинески „ЦНПЦ“ околу екплоатацијата на рускиот дел на Арктикот. Доставувањето нафта во Кина треба значително да се зголеми, а за возврат „Роснефт“ од кинеската државна банка треба да добие кредит тежок милијарди евра.

Теми на првата посета во странство на кинескиот претседател Ши, покрај економската соработка со Русија, треба да бидат и севернокорејската атомска програма и состојбата во Сирија.