1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина и натаму се вооружува

Кина со години се вооружува. И годинава давачките за војската ќе се зголемат, и тоа за 11,2 проценти на околу 80 милијарди евра. Во регионот расте недоверба, дека Кина тежнее да стане светска воена сила.

Објавувањето на буџетот за одбрана со години се одвива со ист ритуал. На пресконференција еден ден пред почетокот на годишното заседание на Националниот народен конгрес (05.03), односно кинескиот парламент, портпаролот на заседанието на прашање ги изнесува бројките. Околу 80 милијарди евра Кина годинава ги планира за вооружување, односно 11,2 проценти повеќе од минатата година. „Во нашата земја живеат преку 1,3 милијарди луѓе, земјата е голема, а имаме и долг брег. Во споредба со другите големи земји нашите давачки за буџетот се релативно ниски“, вели Ли Џаоксинг.

Chinesische Flugabwehrrakete

Кинески ракети за противвоздушна одбрана

Буџетот за одбрана на Кина расте со години - и тоа секоја година речиси во двоцифрени процентни износи. Портпаролот на Народниот конгрес и овојпат нагласи дека надградбата на армијата има дефанзивен карактер.

„Ограничената воена сила на Кина служи за гарантирање на суверенитетот, одбранта на националната безбедност и зачувување на територијалното единство на земјата. Кина не претставува закана за други земји“, рече тој.

Меѓутоа во регионот со недоврба се гледа на кинеското вооружување - меѓу другото и поради небројните територијални спорови во Јужнокинеското Море. САД, како и соседите во регионот кои со Кина ја делат поморската граница, се особено загрижени поради вооружувањето на кинеската морнарица. Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на јануари ја објави воената стратегија на САД, која овојпат е позасилено концентрирана во Пацификот. Со прераснувањето на Кина во регионална воена моќ во пресврт е безбедносната архитектура на целиот регион, смета американскиот експерт Робер Каплан.

China Flugzeugträger Warjag

Кинескиот носач на авионо „Варџаг“

„Воената моќ на Кина расте, истовремено азискиот систем, на отворено море станува се’ повеќе мултиполарен. Оттука најверојатно во западниот Пацифик ќе гледаме многу повеќе тензии, отколку во изминатите децении“, вели Каплан.

Недовербата во Кина се подгрева и поради недоволната транспарентност на војската како и за давачките за вооружување. Имено сосема е нејасно, колку пари Кина вистински инвестира во одбраната на земјата. Американската влада смета дека реалните давачки се два до трипати повисоки отколку што се наведени во кинескиот буџет, и дека многу издатоци се скриени во други делови на буџетот.

Аврот: Рут Кирхнер/ Александра Трајковска

Редактор: Александар Методијев