1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина и ЕУ постигнаа договор за увозот на текстил

По долги преговори и натегања, ЕУ и Кина, постигнаа согласност околу текстилот и увозните квоти. Сега, текстилот кој е заглавен на европските граници поради пречекорување на дозволените квоти за увоз, ќе биде пуштен во европската трговија со тоа што ќе бидат дозволени дел од квотите за предвидени за наредната година. Европејците се плашат од трговската сила Кина, а еврокомесарот за трговија, Питер Менде

default

�сон, постојано се обидува да убеди дека Кина е предизвик, но не е закана за европската трговија. Брисел и Пекинг, во јуни, се договорија за воведување квоти за десет категории текстил, за на тој начин да се ограничи порастот на кинескиот извоз на текстил на 8 до 12% годишно.

Во европските пристаништа, во моментов, има 80 милиони парчиња кинески текстил. Тие, уште во текот на овие денови, би можеле да им бидат доставени на ситните трговци, изјави еврокомесарот за трговија, Питер Менделсон, по завршувањето на текстилниот спор меѓу унијата и Пекинг:

“Со стоката што е на европските граници правиме 50-50, што значи ги пуштаме производите да влезат, но ги цариниме со квоти од наредната година. Со тоа не сакаме да се враќаме на правилата за квоти од минатото, туку сме заинтересирани да го олесниме преминот кон една ера во која веќе нема да постојат квоти.“

Пред согласноста да стапи во сила, за постигнатиот компромис треба да гласаат 25-те земји членки на унијата. Еврокомесарот за трговија, Питер Менделсон, изрази уверување дека Кина и ЕУ ќе се држат до договореното. Во иднина, според него, треба да бидат донесени мерки кои ќе спречат нов текстилен спор.

“Мора да ни биде јасно дека договорите треба да се спроведат, дека тоа треба да протече мирно и дека треба да се има слух за увозниците и за производителите на текстил, за да се остане близок на нивните потреби.“

И кинескиот министер за трговија, Бо Џи Лаи, изрази задоволство од компромисот, но уште еднаш го повтори својот став кон квотите за увоз:

“Кинескиот став за тоа прашање е познат уште пред три, четири месеци и до денеска мислењето не ми е променето. Кинеско право е земјата да биде целосно интегрирана во трговијата со текстил и ние сме сосема против квоти.“

Еврокомесарот Менделсон во Пекинг постојано се напрегаше да ги растера стравувањата од трговската сила Кина. Кина е предизвик, но не е закана, вели тој.