1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина, Индија, Бразил – на масата на Г-8?

Кина сосем го изненади западниот свет. Земјата во развој почна да се развива така што се претвори во светско градилиште и одеднаш во западните иднустриски земји веќе ништо не беше како што беше. Потоа дојде Индија, стана сила во индустријата за софтвер и место за услужните дејности за англиското говорно подрачје и одеднаш во западната бранша на услужните дејности ништо не беше како што беше. Следуваа други

Кој уште ќе им се приклучи?

Кој уште ќе им се приклучи?

земји, на пример Бразил:

Како изгледа светот во кој се замешаа и државите што до пред само неколку децении важеа за безнадежно заостанати? Тоа беше тема на еден форум на фондацијата Фридрих Еберт и фондацијата за политика и наука во Берлин.

Светскиот поредок е прилично ексклузивна ситуација: најважните економски прашања се уште меѓу себе ги расчистуваат седумте најголеми економски сили. Само на поранешната светска сила Русија и беше дозволено да седне на истата маса во групата што сега брои 8. А, за да се разговара за безбедносната политика за целиот свет, потрбени се уште помалку држави. Кога петте земји постојани членки на Советот за безбдност се единствени, одделни подрачја можат да добијат независност, можат да бидат испратени сини шлемови или да се преземат воени мисии:

„Она што е јасно е дека во иднина мораме да сметаме на држави како Кина, Индија, Бразил, или Египет. Едноставно затоа што главните проблеми не можеме да ги решиме без нив„, вели, Георг Бомгарден, државен секретар во германското министерство за надворешни работи. На самитот на Г-8 во почетокот на јуни во Хајлигендам, како и во годините пред тоа, за конкретни теми ќе дебатираат и претставниците на Кина, Индија, Бразил, Мексико и Јужна Африка. Меѓутоа, во некои подрачја на светот, земји како Кина одамна прават повеќе отколку само „малку да учествуват во дебатата„. За некои африкански држави Пекинг во меѓувреме е подеднакво важен економски партнер како Вашингтон, Лондон или Берлин. Таму пак, си ги тријат очите во чудо и се лутат. Кина, се вели, води безобѕирна политика на интереси. Мохамед Шакер работи во египетското минситерство за економија и се смета за адвокат на Африка:

„Да, Кина ги следи своите инетереси и на пример, буши нафта во Судан. Меѓутоа, и многу други држави трагаат по нафта во нашиот регион. Денес, сепак нафтата е сопственост на самите држави. Порано овие држави едноставно се колонизираа и приходите заминуваа во Европа или Америка. Затоа мислам дека улогата што ја игра Кина е поинаква од онаа на поранешните колонијални сили„.

За првпат земји што имаат искуство со неразвиеноста, сега даваат развојна помош во земјите во развој. На запад со загриженост се посматра како заедништвото меѓу Кина и многу африкански држави не се сведува само на развојни прашања, туку на пример, и во подрачјето на повредите на човековите права. Но, покрај Кина, и Индија си ибезбедува се повеќе влијание во светската економија. И секако Индија, како земја во развој, може да има влијание врз потребите на сиромашните држави, вели индиската амбсадорка во Германија Мера Шанкар:

„Она што е важно да се сфати е дека земји како Индија, ако во наредните децении имаат висока стапка на развој, сепак и натаму ќе бидат држави со релативно ниски приходи. Затоа нашата политика ќе биде определувана од економската ситуација на нашиот народ, како и од таквата сентименталност„.

Пауло де Алмеида е советник во бразилската влада:

„Бразил има измешани чувства кога станува збор за скок на повисока позиција. Бразил се гледа себе си како лидер на земјите во развој и од тие причини развивме југ-југ дипломатија. Ако прифатиме да бидеме примени во една идна Група 11 или Г-8 плус, тогаш Бразил ќе го загуби легитимитетот како лидер на земјите во развој„.

На едно прашање во моментов не можат да дадат одговор ниту старите, ниту новите сили: дали проширувањето на лидерството води кон тоа картите поинаку да се измешаат и за земјите што сега не се во тие групации, или пак, едноствано да се игра старата игра со нови играчи?