1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина има главоболки поради преголем развој

Во Кина денеска (05.03.2011) почна годишното заседание на Народниот конгрес, кинескиот парламент. Меѓу другото, треба да биде усвоен следниот петгодишен план.

default

Централниот комитет на Комунистичката партија, која во Кина го води главниот збор, во октомври веќе го усвои новиот петгодишен план на земјата. Согласноста на Народниот конгрес, кој со своите 3 илјади делегати е најголемиот парламент во светот, е само формалност.

Според Вили Лам од Хонкохг, добар познавач на Кина, најважната промена која се најавува со документот е преструктуирањето на стопанството: „Се прави обид од работоинтензивна, еколошки загадувачка индустрија да се премине кон хај-тек, капитал и технолошки интензивни бранши. Освен тоа, важно е договореното ограничување на стапката за развој на седум проценти“.

Пекинг уште во минатата петолетка се обиде да го ограничи растот на 7,5 проценти, но тој во просек изнесуваше 11 насто.

Горливи проблеми поради развојот

Последиците на ваквиот развој по секоја цена веќе се видливи: животната средина е енормно загадена, ресурсите исчезнуваат, инфлацијата галопира. Со тоа се доведува во опасност и социјалната стабилност. За хонконшкиот новинар Петер Кви затоа централна задача за кинеското раководство е „социјалниот баланс“.

Wen Jiabao / China / Peking

Вен Џиабао на отворањето на Конгресот

„За да се зачува социјален баланс, луѓето треба да бидат среќни. А за да бидат направени среќни, мора да се изврши фер-распределба на финансиските ресурси“.

Кинеското раководство стравува за социјалниот мир уште пред нередите во Северна Африка. Вили Лам смета дека ова се чита и од новиот петгодишен план: „Владата се обидува да ги задоволи членовите на запоставените слоеви со тоа што вели: голем дел од националниот приход ќе биде употребен за медицинска заштита, изградба на социјални станови, згрижување на старите лица и слично“.

Вртење нова страница

Подобрувањето на социјалната сигурност е важна за уште една прокламирана цел на владата: јакнење на внатрешниот пазар. Пекинг сака да избега од преголемата зависност од извозниот пазар со сите негови варирања, што води и до спорови со трговските партнери. Но, се‘ додека Кинезите својата заштеда ја чуваат за црни денови, домашната потрошувачка бавно се зголемува.

China Volkskongress März 2010

Партијата многу внимателно го подготвува заседанието на Народниот конгрес за да избегне изненадувања. И така силните мерки за безбедност во овој период се уште поголеми. Но, целосна контрола не е можна ниту на Народниот конгрес, смета експертот за Кина Франк Сирен: „Тоа е всушност еден неизбран парламент, еден вид привиден парламент. Но сепак, тука доаѓаат многу луѓе од различни провинции, со своите навики и фрустрации. Може да се случи при одредени теми едноставно да се испразнат“.

За жал, надвор тоа ретко некој може да го дознае.

Автор: Матијас фон Хајн/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM